„Во најгласната тишина што ја слушнала Петроварадинската тврдина, 40.000 луѓе молчеа 16 минути – за вистина, правда и нова генерација што го менува светот. Пораката од Петроварадинската тврдина одекна далеку, како глас на единство и надеж“, се вели во соопштението на Exit.
Во соопштението се додава дека „легендарниот музичар и борец за човекови права Боб Гелдоф и The Boomtown Rats го водеа воведот кон историската ноќ со силни пораки од главната и најголема сцена на фестивалот: „Ние стоиме со студентите, со промените, со иднината, со новата Србија““.
„Токму оваа нова иднина го инспирираше Хенри Амара, кој испрати силна порака до сите присутни: „Ова е генерацијата што ќе го промени светот. Генерацијата на љубовта. Генерацијата на мирот. Генерацијата на вистината“, додавајќи дека ја пренесува пораката на Јоко Оно до младите од Србија дека и покрај притисоците, тие „да не се откажуваат“.
„Во момент што влезе во историјата на фестивалот, Петроварадинската тврдина стана место на најгласната тишина. Неколку десетици илјади луѓе со шеснаесет минути молк испратија порака за солидарност низ целата планета“, се наведува во соопштението.
Се додава дека „по силниот молк, на сцената излегоа студентите, кои беа поздравени со аплауз од десетици илјади луѓе, а им се придружи и италијанската пејачка Гала, која заедно со нив го изведе глобалниот хит „Freed from Desire“, кој стана еден вид протестна химна во Србија“.
„Со громогласната поддршка од публиката, Гала испрати и порака на српски јазик: Покажете му на светот дека народот има моќ! Разбудете се“, се додава во соопштението, пренесува Н1.