ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Кошта: Во Европа, ниту каде било во светот, нема место за негирање на геноцидот и величање на злосторници

July 11, 2025 15:52
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска на комеморацијата по повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница изјави дека во Европа, ниту каде било на друго место, нема место за, како што рече, негирање на геноцидот, историски ревизионизам или величање на злосторници.

– Негирањето на ваквите ужаси ја труе нашата иднина. Наша морална и човечка обврска е да се соочиме со целосната вистина. Тоа е првиот чекор за да обезбедиме ваквите злосторства никогаш повеќе да не се повторат, нагласи Кошта.

Тој наведе дека денеска во Поточари се одбележува сеќавањето на жртвите на геноцидот во Сребреница, „трагедија која ги разори семејствата, заедниците и самото човештво“.

– Оддаваме почит на оние кои беа брутално убиени, како и на оние кои сè уште се водат како исчезнати. Оддаваме почит на оние чие отсуство остава празнина која ништо не може да ја исполни, рече претседателот на Европскиот совет.

На семејствата на жртвите им вети дека засекогаш ќе остане сеќавањето на убиените жители на Сребреница.

– Во овој момент на сеќавање, ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на вистината и одговорноста. Во тишината и болката на денешното сеќавање, тлее и надеж. Надеж за децата и внуците на оние кои ги изгубија животите – да ги остварат своите соништа, да градат одново и да создадат иднина без омраза и насилство, нагласи Кошта.

Тој истакна дека останува „долг на европското ветување дадено на Босна и Херцеговина“, пренесе Бета.

– Патот од војна и геноцид кон мир и просперитет. ЕУ е проект на мир, роден од пепелта на трагичната војна, воден од визија за помирување. Тоа е истата визија со која денес се раководиме во проширувањето кон земјите од Западен Балкан, рече претседателот на Европскиот совет.

Тој изрази уверување дека местото на БиХ е во ЕУ, додавајќи дека ЕУ е „безбедно место и инклузивно општество на почитување на различностите и верските слободи“.

– Ќе продолжиме да ја даваме поддршката за вашиот пат кон Европската Унија – Унија основана на помирување, меѓусебно почитување, мир и напредок, рече Кошта.

Според него, треба да им се оддаде почит на жртвите со „повторно потврдување на посветеноста на вистината, правдата, надежта и трајното ветување за подобро утре“.

– Нека сеќавањето на нив ни биде инспирација да изградиме иднина во која ваквите трагедии никогаш повеќе нема да се повторат, заклучи претседателот на Европскиот совет.

Tags: КоштаСребреница
Next Post

Најмалку 798 убиени при обид за добивање помош во храна во Газа

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk