ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Седумнаесет дена блокада на Кожув: Ќе стоиме овде до крај, нема да дозволиме хидроелектрани

July 14, 2025 12:04
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Еко-активисти веќе 17 дена го блокираат патот кон ски-центарот на Кожув. Фото: Мета

Еко-активисти веќе 17 дена го блокираат патот кон ски-центарот на Кожув. Фото: Мета

Share on FacebookShare on Twitter

Топла јулска недела, а екипа на Мета.мк полека вози по патот кон Смрдлива Вода, местото каде што на 29 јуни имаше голем протест против изградбата на хидроелектрани на реката Дошница, чии извори се под врвот Зелен Брег на планината Кожув, близу ски-центарот кој никогаш не заживеа.

По пат, живописна природа. Ветер, зеленило, високи дрвја кои пленат со својата убавина. На неколку километри од Смрдлива Вода, движејќи се нагоре кон местото Асан чешма, наидуваме на десетина паркирани возила и десетици еко-активисти, граѓани, добронамерници, дојдени од различни краеви на Македонија. Делчевци, Скопјани, Гевгеличани, сите ги спојува еден став – НЕ за каква било изградба на објекти на планината, кои би ја уништиле природата и нејзините богатства. Тие деноноќно се на блокадите на патот, веќе 17 дена по ред.

Веќе се исечени 1.000 метри кубни шума

Кристијан Алчинов, професионален пчелар, апитеравпевт и долгогодишен кожувски активист, за Мета.мк вели дека само поради подготовката за изградба на хидроелектраните, веќе е исечена огромна површина на шума, односно 1.000 метри кубни.

„Ако дојде, пак, до изградба, ќе треба да се прекопува течението на реката Дошница долж 4 километри, а со ширина од 8 метри. Тоа значи дека целата флора, фауна и ендемичните видови, ќе бидат уништени. Дошница е најчистата река во Македоинја, од која може да се пие вода и е наше богатство и затоа не смее да се дозволи чепкање во нејзината разновидност. Покрај рибите, пастрмката, разновидните ракови, ендемичните мовови, една од најважните видови е медоносната пчела апис мелифера македоника, чие живеалиште е Црвени стени, кој е всушност еден долг предел по течението на Дошница. Тие би биле буквално истребени од нивното живеалиште, а тоа богатство е непроценливо и тоа не може да се мери со ниеден државен, општествен и каков и да е интерес и профит“, вели Алчинов.

Тој, заедно со останатите активисти, вели дека нема да отстапат и дека нема да  дозволат, како што велат, вакви злонамерни проекти да се реализираат.

Министерот за животна средина да си го одржи зборот

Марина Томова, активистка од „Change makers“ од Гевгелија ни кажа дека пред една недела добиле најава дека доаѓа камион и товарно возило со влекач, па ги блокирале кај Смрдлива Вода.

„Тоа беше фирмата-изведувач, кој дојде со влекач со намера да ги товара машините кои се веќе на терен. Рекоа дека им е укината дозволата и дека одат да си ги земат машнините. Но, за жал тоа беше лага. Сè до моментот додека не се укине дозволата за градење, ние ќе бидеме овде. Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кажа дека сè ќе направи во полза на граѓаните. Го држиме за збор, иако Владата, за жал, одлучи дозволата за градење да трае до април 2026 година“, вели Томова, која е децидна дека ќе остане на блокадите до последен момент и дека заедно со другите активисти, нема да дозволат на местото да има градежни активности.

Еко-активистот Ристо Камов рече дека до Владата и Собранието доставиле барање да ги почитуваат меѓународните договори кои ги имaат потпишано, а кои содржат вклучување на јавноста во врска со изградба на какви било проекти кои ја загрозуваат животната средина.

„Врз основа токму на овие договори, во Црна Гора и во БиХ вакви хидроцентрали не се градат од 2022 година. За жал, почнавме со заштитата на Дошница поради мегаломански проект за изградба на хидроцентрали кои сакаат да ја стават реката во цевка на 20 километри, што ќе значи уништување на целиот биодиверзитет и уништување на сите ендемски видови, не само пчелите, пастрмките, туку и други животни ендемични кои ги има само на Кожув планина. Ние бараме да се почитуваат конвенциите бидејќи секаде во Европа се вадат цевките од реките, и се оставаат реките да одат по својот природен тек. Еднаш засекогаш да престанеме со овие девастирачки проекти“, порачува Камов.

На блокираниот пат беше и Катерина Илијовска, инжинер-технолог, активистка од Скопје од еко-здружението „Јес фор лес“.

„Живеев во Шпанија, пред неколку месеци се вратив овде. Формирав еко-здружение. Прв пат сум на Кожув и не можам да разберам како луѓето кои се од овој крај не се овде во поголем број. Во Шпанија лани имаа суша поради климатските промени, не можеа да се полеваат јавните површини, имаше рестрикции, немаше вода. Од овде доаѓа тоа дека е важно да ја чуваме природата. Не сме свесни што имаме како богатство. Не сфаќаме колкава важност има планината. Верувам дека ќе успееме да спречиме изградба на објекти. Има многу примери од Црна Гора и Босна, се изгласаа закони со кои се забрани изградба на мали хидроцентрали. Има и документарци со луѓе кои седеле на вакви блокади по 365 дена, и на крај нивниот активизам вродил со плод. И ние верувам дека ќе успееме“, рече Илијовска.

Активистите остануваат да ја чуваат Кожув планина. Деноноќно се на патот. Спијат во шатори, а добронамерници од различни градови доаѓаат да ги поддржат и им носат вода и храна. Иако градоначалниците на Демир Капија, Гевгелија и на Кавадарци, иницираа Кожув да биде прогласен за Национален парк, на последниот протест во Смрдлива Вода, иако биле сите тројца поканети да дојдат и да ги поддржат граѓаните, се појави само градоначалникот на Демир Kапија, Лазар Петров.

извор: МЕТА.мк

Tags: Кожувхидроелектрани
Next Post

Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

Shortcut

Најново

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk