ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Адвокатот на еден од членовите на криминалната група Грчец најави жалби на пресудата, главен аргумент вели е незаконитоста на доказите од апликацијата Скај

July 15, 2025 15:35
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Одбраната на еден од обвинетите членови на криминалната група Грчец за трговија со дрога најави жалба на првостепената пресуда.

Бранителот на Неџати Исени, кого Судот денеска го прогласи за виновен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ и го осуди на казна затвор од пет години, адвокат Ангел Ѓорѓиев во изјава за медиумите рече дека главни аргументи во жалбите кои што ги најавуваат, ќе биде, како што вели, незаконитоста на доказите од апликацијата Скај и самата содржина, која асполутно не делувала уверливо.

-Ја слушнавте денешната објава на пресудата. Процесот траеше во една апсолутно коректна атмосфера и законско постапување на сите субјекти во овој процес, но остана една дилема која што ќе не прати наредниот период, а тоа е она што цело време одбраната како силен правен аргумент го експлатираше, а тоа е проблематизирање на законитоста на обезбедните докази по пат на користење на апликацијата Скај ЕЦЦ, односно на екриптирани телефонски броеви и апарати, изјави Ѓорѓиев.

Според Ѓорѓиев, ова е прашање не само на нашата земја, туку и на цела Европа и многу други земји.

-По однос на ова прашање ставовите се апсолутно поделени и контраверзни. Ние целиме искрено согласно последната одлука на регионалниот суд во Берлин, со која што не беше прифатена законитост на овие докази и беше донесена ослободителна пресуда дека апсолутно овие докази се обезбедени на незаконит начин. Не само тоа што го тврдиме, него имаме силен аргумент, а тоа е затоа што француските власти без европски истражен налог уапднаа на хакерски начин во вториот сервер во Лион, од каде што ги екстрахираа сите овие податоци, кои што се потоа дистрибуирани до различни држави во цела Европа и каде што се иницирани слични постапки врз основа на овие податоци, изјави Ѓорѓиев.

Самата содржина на овие податоци кои беа изведени, според Ѓорѓиев, апсолутно не делувале уверливо, ниту значеле некаков материјален и било каков доказ, што упатува на вина на обвинетите.

Судијката Фанка Јанчулова Михаиловска, при објава на пресудата денеска рече дека, во  однсо на реакциите од одбраната на дел од обезбедените докази преку апликацијата Скај, Судот, како што објасни, ги прифатил бидејќи биле добиени со меѓународна правна помош од Франција.

Вкупно 50 и пол години затвор добија шестмина членови на криминалната група Грчец, уапсени во јануари минатата година, од кои четворица за инволвираност во неовластено купување на 15 килограми наркотична дрога – кокаин, нејзино пренесување и пуштање во промет во државава, додека двајца за злосторничко здружување со цел вршење на кривично дело двојно убиство од одмазда и по порачка.

Основниот кривичен суд Скопје денеска ги прогласи Фадил Бајрамовски, Севди Азири, Неџати Исени и Бесим Асани за виновни за кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ од чл.215 ст.3 од Кривичен законик. Бајрамовски, Азири и Исени се осудени на казна затвор пет години, додека Бесим Асани шест години казна затвор.

Останатите двајца Судот ги прогласи за виновни дека сториле кривични дела Злосторничко здружување од чл.394 ст.3 и Убиство од чл.123 ст.2 т.5 од Кривичен законик. Фати Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од една година и шест месеци за делото Злосторничко здружување и 14 години затвор за делото Убиство или на една единствена казна затвор од 14 години и шест месеци, додека Шулејб Сулејмановски судот го осуди на казна затвор од две години за кривичното дело Злосторничко здружување и 14 години за делото  Убиство или на една единствена казна затвор од 15 години.

Групата не дејствувала инцидентно, туку континуирано и тоа најмалку од јуни 2019 до март 2021 година и во истрагата биле опфатени 15 лица, меѓу кои сега дел се починати, а дел се уште се недостапни на органите на прогон. 

Tags: Грчецкриминална група
Next Post

Франческа Албанезе од ОН вети дека нема да биде замолчена од САД, го поздрави состанокот на 30 земји со цел да се стави крај на израелската окупација на Палестина

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk