ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Ден на украинската државност: Јадрото на државноста е волјата за самоопределување, историското искуство на народот, неговиот менталитет и правните традиции

July 15, 2025 10:48
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На 15 јули Украина го одбележува Денот на украинската државност, кој се совпаѓа со Денот на крштевањето на Рус-Украина (Кијивска Рус) и денот на оддавање почит на истакнатиот државотворец, кијивскиот кнез Володимир Велики.

Прифаќањето на христијанството од страна на кнезот на Кијив Володимир во 988 година претставува цивилизациски избор за Украина. Христијанството придонесе за подемот на културата и образованието, како и за развојот на кириличната писменост.

Државноста е олицетворение на патот на нацијата кон сопствена држава. Јадрото на државноста е волјата за самоопределување, историското искуство на народот, неговиот менталитет и правните традиции. Државата е начин на обезбедување и гаранција за целосното постоење на нацијата.

Обележја на успешна државност се оствареното право на нацијата на независност, ефикасен државен апарат и способна армија, систем на правни норми, меѓународно признание на државата и нејзина правна идентификација во светот.

Државата и државноста се неразделни како дрво и корен. Без историски корени државата не може да постои. Историјата му дава на општеството свест за поврзаноста на генерациите и изградбата на заедничкиот пат.

Историјата на украинската државност води потекло од средновековната држава Кијивска Рус, чиј центар бил Кијив. Токму Кијивска Рус ги постави темелите на државотворните традиции на Украинците. Оттаму потекнува грбот, паричната единица, а најважно – Кијив како политички и културен центар на Украина.

Традициите на Кијивска Рус во изградбата на заедничкиот европски културно-религиозен простор беа продолжени, меѓу другото, од Галицко-Волинското кнежевство, украинската козачка држава, Украинската народна република, Западноукраинската Народна Република, Украинската Држава на хетманот Павло Скоропадски, Карпатска Украина и современата независна Украина.

Знаењето на историјата на нашата државност во сета нејзина континуитетност е силно оружје против манипулациите со историските факти во услови на информативната војна на РФ против Украина.

Вистинската историја ги разобличува лажните наративи на руската пропаганда дека Украинците и Русите се „еден народ“, а Украина е наводно „вештачка и неодржлива држава“. Затоа сегашната војна е борба не само за иднината на нашата држава, туку и за нејзиното минато, за националната независност и идентитет.

Амбасада на Украина

Преземено: Цивил Медиа

Next Post
Генерирано со ВИ

Последиците од случајот Епстајн претставуваат тест за лојалност: Трамп или МАГА?

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk