СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат на претстојните локални избори, а ќе го објави до крајот на јули. Во игра се Мишко Ралев и Каја Шукова, но има и уште двајца други кандидати, рече вечерва партискиот лидер Венко Филипче, во „Само интервју“ на Канал 5.
-Даваме се од себе да ги промовираме најдобрите кандидати, да ги увериме граѓаните дека нашите кандидати имаат кредибилитет и дека ќе работат чесно и транспарентно. На скопјани сакам да им порачам дека предлогот ќе биде човек што ќе обединува, напомена Филипче.
Според него, коалиции со албанските партии во мешаните средини ќе се прават, но врз повеќе основи: принципиелност, заемно почитување, компатиблност на кандидатите и луѓето кои живеат во општините.
СДСМ, подвлече Филипче, фокус ќе стави на листата на советници.
За Струмица информира дека Марјан Даскаловски имал поголема поддршка од партиското членство во однос на Костадин Костадинов.
Филипче обелодени и дека Таравари побарал поддршка од СДСМ.
-Со Ахмети не сум се сретнал, а со Таравари имавме средба пред неколку недели кога тој не беше кандидат. Побара поддршка и сега разговараме со нашите членови во општинската организација. Ќе ја донесеме најдорбата одлука, рече лидерот на СДСМ.