ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

July 16, 2025 16:10
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донела Наредба за спроведување на истражна постапка против еден затворски полицаец поради основано сомневање дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

Како што информираат од Јавното обвинителство, во текот на вчерашниот ден при извршен претрес пред започнување на ноќна смена на работа, кај осомничениот била пронајдена наркотичната дрога, и тоа: растителна материја – марихуана во количина од 73 грама и бела прашкаста материја – кокаин во количина од 50 грама.

-Дрогата спакувана во форма и големина на две тениски топчиња, осомничениот ја држел кај себе, скриена во долен веш, а со цел истата да ја продаде на осудени лица во КПУ – КПД Идризово. Согледувајќи ги околностите што укажуваат на опасност од бегство доколку осомничениот се брани од слобода, како и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци како и дека реално постојат и особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, предметниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерка притвор за осомничениот, соопштуваат од ЈОРСМ.

Од Јавното обвинителство посочуват дека ова е трет случај во кој затворски полицаец е фатен во сторување на ова кривично дело.

-Во двата случаи станува збор за еден затворски полицаец од КПУ Затвор-Скопје правосилно осуден на казна затвор од 3 години кој беше фатен со 7,65 грама марихуана и 0,96 грама кокаин и затворски полицаец од КПУ-КПД Битола осуден на 6 месеци кај кого беа пронајдени 1,90 грама кокаин, а кој предмет е во жалбена постапка, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Tags: затворски полицаецкокаинмарихуана
Next Post
Екрем Имамоглу (фото извор: Wikimedia Commons)

Градоначалникот на Истанбул, Имамоглу, осуден на една година и осум месеци затвор

Shortcut

Најново

Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk