Видео на кое се гледа како главниот извршен директор на компанијата Astronomer Енди Бајрон и Кристин Кабот шефицата на одделот за човечки ресурси во истата компанија се прегрнуваат на концерт на „Колдплеј“ е хит на социјалните медиуми.
Уловени во „Kiss Cam“ на концертот на Coldplay во Gillette Stadium, се забележуваат Енди и Кристин, во интимна прегратка.
Според извештајот во Business Insider, снимката е направена за време на Coldplay концерт во Gillette Stadium и предизвика големо внимание на социјалните мрежи, а компанијата Astronomer дури и ги исклучи коментарите на своите страници поради интензивната јавна реакција.
Лидерот на Колдплеј Крис Мартин се огласи во живо на сцената за време на видеобимот со Енди Бајрон и Кристин Кабот, тој забележа:
„Видете ги овие двајца. Или имаат афера или се многу срамежливи“
А потоа, додаде:
„Се надевам дека не направивме нешто лошо“
Извршниот директор Енди Бајрон, јавно се извини откако видеото предизвика бурни реакции и разочараност.
„Сакам да го признаам моментот што се шири онлајн, и разочараноста што ја предизвика“, напиша Бајрон во официјалното соопштение објавено денес.
Тој вели дека она што требало да биде „ноќ на музика и радост“ се претворило во „длабоко лична грешка што се одигра на многу јавна сцена“.
„Искрено ѝ се извинувам на мојата сопруга, на моето семејство и на тимот во Astronomer. Заслужувате подобро од мене – како партнер, како татко и како лидер“, додава тој.
Бајрон нагласи дека инцидентот не ја одразува личноста каква што сака да биде, ниту вредностите со кои ја води компанијата што помогнал да се изгради.
„Одвојувам време за размислување, за преземање одговорност и за да ги утврдам следните чекори, и лично и професионално. Ве замолувам за приватност додека го минувам тој процес.“
Дополнително, тој се осврна на прашањето на приватноста:
„Сакам да изразам колку е вознемирувачки тоа што момент кој требаше да биде приватен стана јавен без моја согласност. Имам почит кон уметниците и забавувачите, но се надевам дека сите ќе размислиме подлабоко за влијанието што го има претворањето на животот на некој друг во спектакл.“
Изјавата завршува со емотивен цитат:
„Како што еднаш рече еден пријател: ‘Lights will guide you home, and ignite your bones, and I will try to fix you.’“
– Енди.
Од бројните коментари на социјалните мрежи издвојуваме:
View this post on Instagram
Редакција Фронтлајн