Според новиот договор за консултации меѓу двете американски компании, кој беше склучен на 1 јули 2025 година, „MO Strategies, Inc.“ ќе помага во претставувањето на Владата на САД за прашања идентификувани од властите на Република Српска, објави Радио Сарајево.
Во договорот не е наведена институцијата што е носител на договорот во име на РС, но од информациите за адресата на Бан Милосављевиќ во Бања Лука, може да се заклучи дека тоа е Канцеларијата на претседателот на РС.
Во договорот се наведува дека „MO Strategies, Inc.“ ќе добиваат 10.000 долари месечно за своите услуги од „Becker & Poliakoff“, но само кога таа фирма ќе добие исплата од РС, пишува Радио Сарајево.
Потписник на договорот пред новиот претставник на американското лоби е Мартин Обст, за кого веб-страницата „MO Strategies, Inc.“ наведува дека е републикански стратег со над 20 години искуство во републиканската политика.
Според извештаите, Обст имал лидерски улоги во претседателските кампањи на Доналд Трамп во 2016 и 2020 година, а бил и висок политички советник на поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс.
Д. Т. / Цивил Медиа