ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Тимот на Обама ги отфрла „бизарните“ обвинувања на Трамп за изборите во 2016

July 23, 2025 14:06
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот американски претседател Барак Обама остро ги отфрли обвинувањата на неговиот наследник Доналд Трамп, кој повика на негово кривично гонење, тврдејќи дека Обама се обидел да организира „државен удар“ по победата на Трамп на изборите во 2016 година преку „фабрикување“ докази за руска интервенција.

Канцеларијата на Обама издаде официјално соопштение во кое ги нарече обвинувањата „скандалозни“ и „очајнички обиди за одвлекување на вниманието“.

Во ретката реакција, се наведува дека канцеларијата на Обама „вообичаено не се занимава со константните дезинформации што доаѓаат од оваа Бела куќа“, но оти ваквите тврдења „се доволно апсурдни за да заслужат одговор“.

Обвинувањата на Трамп следуваа по извештајот на директорката за национално разузнавање Тулси Габард, која минатата недела објави документ од 11 страници, тврдејќи дека постои „предавнички заговор“ меѓу поранешни функционери од администрацијата на Обама. Таа препорача нивно кривично гонење, но Обама во соопштението нагласи дека документот не ги побива заклучоците дека Русија се мешала во изборите во 2016 година, иако не успеала да манипулира со гласовите.

Овие заклучоци беа потврдени во извештајот на Двопартискиот сенатски комитет за разузнавање од 2020 година, предводен од тогашниот претседател на комитетот, а сега државен секретар – Марко Рубио.

Трамп, за време на средба со филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Помладиот во Белата куќа, изјави дека Обама бил „главниот организатор“ на наводниот заговор, заедно со Хилари Клинтон, поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми и поранешниот директор за национално разузнавање Џејмс Клапер.

„Ова е предавство. Тие се обидоа да ги украдат изборите“, рече Трамп, додавајќи дека Габард поседува „илјадници дополнителни документи“.

Извештајот на Габард, кој тврди дека администрацијата на Обама вршела притисок врз разузнавачките агенции, беше критикуван од поранешниот аналитичар на ЦИА, Фултон Армстронг, кој за „Гардијан“ изјави дека документот е „очигледно напишан со однапред утврдена цел“ и дека е „лошо составен и манипулативен“. Заклучоците за руското мешање во изборите во 2016 година беа потврдени и во извештајот на специјалниот советник Роберт Милер од 2019 година.

Коментарите доаѓаат во момент кога Трамп е под притисок поради нерешените ветувања за обелоденување на документи поврзани со Џефри Епстајн, милијардер кој почина во затвор во 2019, а неговата смрт беше прогласена за самоубиство.

Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, изјави дека нема да дозволи гласање за какви било мерки поврзани со случајот Епстајн до септември, со што практично воведе предвремен летен одмор на Конгресот за да се одложи разгледувањето на двопартиската иницијатива за транспарентност и објавување на документите за Епстајн. Од друга страна, извор од Комитетот за надзор на Претставничкиот дом за Си-Ен-Ен изјави дека се очекува Комитетот „што е можно побрзо“ да издаде покана за сослушување на Максвел.

Заменикот државен обвинител Тод Бланш вчера објави дека ќе преземе невообичаен чекор и ќе се сретне со Гилејн Максвел, која е осудена на 20 години затвор за учество во долгогодишна шема со Џефри Епстајн за подготвување и сексуална злоупотреба на малолетни девојки. Целта на средбата е да се дознае што знае Максвел, а досега не открила.

Епстајн почина во затвор во 2019 година додека го очекуваше судењето за обвиненија за трговија со луѓе.- Не знам ништо за тоа, изјави вчера претседателот Доналд Трамп за новинарите во Овалната соба.

Овој потег, според Си-Ен-Ен, предизвикува сомнежи, со оглед на тоа што Бланш е поранешен личен адвокат на Трамп, а Максвел, како затвореник, има очигледен мотив да понуди информации што би можеле да му помогнат на претседателот, кој има овластување да ја ослободи од затвор.

Си-Ен-Ен, преку својата истражувачка единица KFile, вчера објави нови детали за врската меѓу Трамп и Епстајн, вклучувајќи фотографии од венчавката на Трамп со Марла Мејплс во 1993 година. Фотографиите се од период пред познатите правни проблеми на Епстајн, а Белата куќа ги опиша како „извадени од контекст“ и „одвратни обиди да се имплицира нешто злобно“.

Контроверзијата околу Епстајн започна поради незадоволството на дел од поддржувачите на Трамп, особено од движењето МАГА, кои се разочарани што Трамп и неговиот тим не го исполнија ветувањето од кампањата за објавување на сите документи поврзани со Епстајн. Ова ги наведе некои активисти од базата да го обвинат Трамп дека станал дел од „длабоката држава“ што некогаш ја критикуваше.

ФБИ и Министерството за правда овој месец издадоа меморандум во кој се наведува дека нема докази за теоријата на заговор дека Епстајн оставил листа на познати клиенти или дека бил убиен во затвор, а не дека извршил самоубиство во 2019 година.

Tags: ОбамаТрамп
Next Post

Кошта: На денешниот свет му е потребно поблиско партнерство помеѓу ЕУ и Јапонија

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk