ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам

July 24, 2025 18:30
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Рајан Рут (59), обвинет за обид за убиство на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска повторно се појави пред федерален суд, со цел да го образложи барањето самиот да ја води својата одбрана, откако побара да бидат повлечени неговите назначени адвокати.

Рочиштето се одржува пред судијката Ајлин Кенон, која претходно овој месец го разгледуваше истото барање, но најави дека ќе донесе писмено решение, пренесе Еј-Би-Си Њуз. Во меѓувреме, и адвокатите на Рут побарале да се повлечат од случајот, наведувајќи дека нивната комуникација со обвинетиот е „непомирливо нарушена“.

Американскиот Врховен суд има пресудено дека обвинетите имаат право самите да се застапуваат во кривични постапки, доколку докажат пред судијата дека се способни свесно да се откажат од правото на правен застапник.

Рут е обвинет за обид за убиство на претседателски кандидат, за напад врз федерален службеник, за поседување оружје и муниција, како и за поседување огнено оружје со избришан сериски број. Дополнително, против него се води и постапка на државно ниво за тероризам и обид за убиство.

Според обвинението, Рут бил забележан со пушка во грмушки во близина на приватното голф игралиште на Доналд Трамп во Вест Палм Бич, Флорида, на 15 септември 2024 година. Обвинителите тврдат дека тој со недели внимателно го планирал нападот врз Трамп. На местото на настанот реагирал агент на Тајната служба којшто ја обезбедувал територијата, при што Рут наводно ја вперил пушката кон него. Агентот веднаш пукал, по што Рут го испуштил оружјето и избегал, без да испука ниту еден куршум. Беше уапсен во близина, со помош на очевидци.

Судијката Кенон на претходното рочиште најави дека судењето, закажано за 8 септември, нема да се одложи дури и ако Рут добие дозвола да се брани сам. Федералната канцеларија за јавен бранител потврди дека обвинетиот одбил шест термини за средба со своите адвокати, а во писмо до судот напишал дека „се разликуваат милиони километри во пристапот на одбраната“.

Ако биде прогласен за виновен, му се заканува доживотна затворска казна.

Tags: обвинетиотобид за убиствосудТрамп
Next Post

Зеленски го одобри нацрт-законот за заштита на независноста на институциите за борба против корупцијата

НАЈНОВО

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk