ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ: Системското изгладнување во Газа е масовно кршење на меѓународното хуманитарно право – Светот мора да делува веднаш!

July 25, 2025 16:28
in ДЕНЕС, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Целиот цивилен живот во Газа е под егзистенцијална закана. Со системско ограничување на пристапот до храна, вода и лекови, цивилното население, особено децата – е оставено без основни средства за преживување. Ова е масовно кршење на меѓународното хуманитарно право и Женевските конвенции.  

Според последните извештаи на Обединетите нации и локалните здравствени власти:  

  • Над 59.000 Палестинци се убиени од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година.  
  • Најмалку 111 лица – од кои најмалку 80 деца – починале директно од глад.  
  • Во само 24 часа, регистрирани се 15 нови смртни случаи од малнутриција, меѓу кои 4 деца.  
  • Над 1.000 лица биле убиени додека се обидувале да добијат хуманитарна помош или храна.  
  • Болниците се преполни, а лекари паѓаат од исцрпеност додека се обидуваат да спасат животи.  

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организацијата за човекови права  изразува најдлабока осуда на масовното изгладнување во Газа, каде што населението веќе се наоѓа во петтата и најтешка фаза на акутна неухранетост (IPC Фаза 5 – „катастрофа“) според меѓународните проценки.  

Гладот повеќе не е закана – туку сурова реалност, со бројни регистрирани смртни случаи од глад, вклучително и деца. Геноцидот доби ново лице – МАСОВНО ИЗГЛАДНУВАЊЕ, се наведува во соопштението на ЦИВИЛ.   

ЦИВИЛ упати итно барање до меѓународната заедница и сите меѓународни институции:  

  • Итно отворање на хуманитарни коридори за непречено доставување храна, вода и медицинска помош.  
  • Гарантиран безбеден пристап за хуманитарните организации и нивните екипи на терен.  
  • Престанок на сите напади врз цивилни цели, вклучувајќи болници, магацини за храна и центри за дистрибуција.  
  • Итно мобилизирање на меѓународна хуманитарна поддршка и финансирање на организациите што делуваат на терен.  
  • Притисок врз сите засегнати страни да го почитуваат меѓународното право, особено обврската за заштита на цивилното население. 

 „Секој ден од одложување значи изгубени животи. Светот мора да делува веднаш – не за хуманитарна солидарност, туку за спасување човечки животи!“, порачуваат од ЦИВИЛ. 

Преземено: Цивил Медиа


Next Post

Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk