ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Талески: СДСМ остро се спротивставува на скандалозниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција

July 29, 2025 16:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ остро се спротивставува на скандалозниот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за полиција, кој денеска е во второ читање во Собранието, а е предложен од Панче Тошковски,  изјави денеска Миле Талески – пратеник од СДСМ на прес-конференција што МИА ја пренесува интегрално, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се освестат и да не гласаат. Затоа што и тие ќе бидат следни на удар на системот што сега слепо го поддржуваат.

Како што никој не беше поштеден во времето на Груевски, така и сега Тошковски подготвува режим во кој секој што нема да слуша ќе биде уценет, притиснат, замолчен.

Ги повикуваме Хелсиншкиот комитет, Канцеларијата на ЕУ, ОБСЕ, невладините организации, странските амбасади, сите демократски држави и целата демократска јавност итно да реагираат на овие опасни и режимски политики.

СДСМ алармира: ова е безбедносна, демократска и институционална криза во најава!

Овој предлог-закон не е ништо друго освен брутален обид за партизирање на полицијата и претворање на Министерството за внатрешни работи во партиска милиција под команда на Тошковски.

Директен напад врз безбедносниот систем, врз институциите, врз граѓаните.

Се руши професионалноста, се укинуваат критериумите за образование и искуство, се отвора вратата за вдомување на партиски војници.

Се урива системот на кариерно напредување, се бришат податоци, се амнестираат осудени и сомнителни кадри. Ова не е реформа, ова е реставрација на груевизмот преку Панче Тошковски.

Класичен режимски план за создавање на параполициски апарат, алатка за притисок, закани и политички прогон.

План за враќање на времето на „МВРО“ и апсолутна партиска контрола, кога полицијата беше во функција на партијата, а не на граѓаните.

Тошковски свесно ја уништува полицијата, во време кога државата се соочува со сериозни безбедносни предизвици.

Укинувањето на регионалните гранични центри е директен ризик за границите. Бришењето на полициски податоци е обид за прикривање злоупотреби и криминал.

Зголемувањето на старосната граница за вработување е механизам за вдомување партиски кадри.

Полицијата мора да остане професионална, непартизирана и во служба на граѓаните.

Секој чекор спротивен на тоа е удар врз демократијата, безбедноста и иднина на државата, истакна Талески.

Tags: СДСМТалески
Next Post

До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео X

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео BBC

Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

April 17, 2026
Илустрација Фронтлајн

Започна 10-дневниот прекин на огнот меѓу Израел и Либан

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk