ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МВР отфрла наводи објавени од портали околу Законот за полиција и отстранување полицаец од работа осуден за кривични дела

July 30, 2025 09:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со написите објавени на некои портали поврзани со измените на Законот за полиција со тврдења дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа, Министерството за внатрешни работи најостро ги отфрла неточните и тенденциозни наводи, се наведува во соопштението на МВР, што ви го пренесуваме во целост.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста за следново:

Бришењето на членот 119 од Законот за полиција, кој досега го регулираше престанокот на работен однос на полициски службеници по правосилна пресуда, не значи укинување на санкционирањето, туку усогласување со новиот Закон за внатрешни работи и генералната регулатива од Законот за работни односи.

Имено:

– Предметната материја сега е регулирана во член 154 од новиот Закон за внатрешни работи, кој се однесува на сите вработени во Министерството, вклучително и на полициските службеници.

– Дополнително, член 154 од ЗВР е во целост усогласен со член 99 од Законот за работни односи, кој го регулира прашањето на отказ поради правосилна судска одлука, изречена забрана, безбедносна мерка или казна затвор подолга од шест месеци.

Со ова, не само што не се укинува одговорноста, туку се постигнува усогласен, правно доследен и функционален пристап, без дуплирање на законски одредби во повеќе закони.

Законот за полиција е специјален закон кој ги уредува само правата и обврските на полициските службеници, додека Законот за внатрешни работи важи за сите вработени во МВР, вклучително и полициските службеници.

Квалификациите дека со измените се дозволува „осудени полицајци да останат на работа“ се неосновани, непрофесионални и ја дезинформираат јавноста, без да го земат предвид законскиот контекст и усогласеноста на прописите.

Министерството останува посветено на законитоста, интегритетот на полицијата и транспарентно информирање на јавноста.

Tags: Законот за полицијаМВР
Next Post
Скриншот

(ВИДЕО) Премиерот на Велика Британија ќе ја признае палестинската држава доколку Израел не стави крај на „ужасната ситуација“ во Газа

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk