ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Комеморативен настан по повод Меморијалниот ден на сеќавање на ромските жртви од Холокаустот – 2 Август и изложба „Ромскиот геноцид низ очите на младите“

July 31, 2025 13:15
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Комеморативен настан по повод Меморијалниот ден на сеќавање на ромските жртви од Холокаустот – 2 Август, се одржа денеска во Клубот на пратеници, каде е поставена и изложба насловена „Ромскиот геноцид низ очите на младите“.

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022 -2030, Шабан Салиу рече дека го одбележуваат 2 август, денот кога стотици илјади Роми за време на Втората светска војна на нечовечки начин, брутално се убиени низ логорите на смртта, како што се Аушвиц, Треблинка, Јасеновац…

– Тие се убиени само поради бојата на кожата, различниот јазик, посебноста на културата, на никого не му згрешиле. Денеска сакаме оваа тажна меморија да ја одбележиме и да ја пренесеме од генерации на генерации кај ромската заедница. Било да не се заборави. Во 2015 година Европскиот парламент има усвоено резолуција по повод поднесено барање од страна на повеќе политички партии, невладини организации и други ромски структури и одлучено е 2 Август да се одбележува на истиот начин, истакна Салиу и изрази благодарност до Владата за континуираната поддршка во одбележувањето на овој значаен ден, за да ги потсетат сите генерации и од ромската заедница и од другите дека Ромите се еднакви и треба да бидат еднакви во граѓанските и сите други права и да им се оддаде почит на починатите.

Во врска со тоа дали е прифатлива идејата на граѓански организации да се направи меморијален постумент, садење дрвја, рече дека во неговиот кабинет сметаат дека треба да се направи нешто повеќе и подготвуваат информација да се направи еден меморијален центар за овие жртви и изрази надеж дека сите надлежни органи во државата ќе им го овозможат во одреден дел во центарот на градот.

На прашање кои се најголемите предизвици со кои денес се соочуваат Ромите, рече дека е министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 и дека во неа има осум точки за кои се задолжени десет министерства за да ја спроведат.

Мерките во таа стратегија, посочи министерот, се тоа што во моментот го претставува животот на ромската заедница и потребите, значи образование, домување, вработување, намалување на сиромаштијата, антициганизам како форма, регулирање документација и други.

– Проблемите со кои се соочува ромската заедница во овој момент се од типот на домувањето, вработувањето, во образованието сме лидери на Западен Балкан да не кажам и во Европа. Има одредени податоци, според кои, имаме голем напредок и во основното и во средното образование и има голем број студенти Роми и дипломирани со висока стручна спрема. Проблемите се генерални. Сите институции, Владата и другите органи да се залагаме заеднички и да помогне и меѓународниот фактор во државава за една вистинска и посилна интеграција на ромската заедница, додаде Салиу.

Заменик-директорот на регионална ромска образовна младинска асоцијација РРОМА- Кратово, Урмета Арифовска рече дека се надеваат дека преку изложбата ќе ја претстават состојбата на Ромите пред и за време на Втората светска војна, и случувањата по неа.

– Ваква комеморација и на денот 2 август ќе одржиме и во Топовски шупе, еден од многуте логори за кои нема информација дека постојат, а каде над илјадници Роми загинале, додаде Арифовска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Судот во Приштина го осуди Милош Плесковиќ на 15 години затвор за воени злосторства во Косово

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk