ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Дубровник најбезбеден туристички град во Европа

August 13, 2025 15:37
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Според ново истражување на туристичката агенција „Ривиера травел“ (Riviera Travel), Дубровник е најбезбедниот град во Европа.

Иако фактори како што се активностите, времето и буџетот обично го обликуваат изборот за одмор, и безбедноста е клучен фактор при резервација на следната дестинација. Во таа смисла, градови како Дубровник (Хрватска) и Талин (Естонија), на пр., успеале да го зачуваат своето средновековно наследство, истакнувајќи ја и безбедноста и удобноста на туристите и жителите. Индексот на најбезбедни туристички места ги оценува европските градови врз основа на растот на стапките на криминал во последните пет години, како и моментните нивоа на криминал, за комбиниран резултат т.е. оценка за безбедност. Најниската бројка, како најниска стапка на криминал, ја означува најбезбедната дестинација.

Следат петте најбезбедните градови во Европа.

Дубровник

Како еден од најпопуларните градови во Хрватска, Дубровник, се чини, е и најбезбеден – според „Ривиера травел“, со вкупна безбедносна оценка 44,1. Градот, наречен „Бисер на Јадранот“, е светско наследство на УНЕСКО, поради неговиот добро зачуван Стар град – со особено добро осветлени улици, но и исклучителна стара, средновековна архитектура. И безбедното ноќно истражување на ова туристичко место е можно, па дури и ако се обидете сами, бидејќи градот е многу лесен за пешачење.

Дубровник, според „Лонли планет“ (Lonely Planet), е особено гостопримлив за туристите – ги штити своите жители и создава безбедна средина за посетителите. Насилниот криминал е редок, иако ситни кривични дела како што се џебни кражби – сè уште можат да се случат, или пак, повремени туристички стапици и измами од таксисти.

Талин

Естонскиот главен град се најде на второто место на Индексот, со вкупна оценка за безбедност од 55,8 т.е. многу ниска стапка на криминал. Градот е и еден од најбезбедните главни градови во Северна Европа. И тука Стариот град е место од листата на светското наследство на УНЕСКО – како исклучително добро сочуван пример за средновековен трговски град во овој дел на Европа.

Апликациите за такси – како „Болт“, нудат услуги „Жени за жени“, коишто им овозможуваат на патничките конкретно да побараат превоз од жени-возачи.

Властите во Естонија, исто така, ја поттикнуваат безбедноста, како и полесен пристап до услуги и информации преку интернет.

Варшава

Главниот град на Полска е трет град на Индексот, со оценка 60,2. Иако градот бележи умерено зголемување на криминалот последниве пет години, сепак има ниска стапка на криминал.

Прага

Чешката престолнина, нарекувана и „Град на сто кули“, е на место бр. 4 на Индексот – со оценка 50,9. Слично на Варшава, и Прага бележи умерено зголемување на криминалот последниве пет години, иако сè уште има ниска моментна стапка на криминал.

Според „Праг вјус“, спроведувањето на Законот е проактивно и делотворно, особено во справувањето со џебните кражби, но и други кривични дела. Во одржувањето на редот, голем удел има и тоа што во градот е поставен добар систем за надзор.

Краков

Уште еден полски град на листата… Краков се наоѓа на петтото место, со оценка за безбедност од 64,3. И тука се бележи умерено зголемување на стапката на криминал последниве пет години.

Краков има пријателски став кон туристите, се вели, а и јавниот превоз е генерално безбеден, дури и ноќе.

Топ-10 листата ја дополнуваат: Амстердам (Холандија), Минхен (Германија), Рејкјавик (Исланд), Цирих (Швајцарија) и Будимпешта (Унгарија).

Tags: безбедностГрадовиЕстонијахрватска
Next Post

„Турски метод“ за поефикасно перење на крпите

Shortcut

Најново

Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026
College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk