ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шумските пожари во ЕУ во 2025 уништија 511.000 хектари

August 15, 2025 15:11
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

Шумски пожари годинава, заклучно со 12 август, уништиле повеќе од 511.000 хектари низ Европската Унија, покажуваат податоците на Европскиот систем за информации за шумски пожари (EFFIS).

Оваа бројка е повеќе од двојно поголема од просечната површина опожарена во истиот период меѓу 2006 и 2024 година. Бројот на пожари од почетокот на 2025 година надминал 1.600, што е повеќе од двојно во однос на просекот од 717 во изминатите 20 години, пренесе „Евроњуз“ од Брисел. Оваа површина е речиси девет пати поголема од површината на градот Скопје, кој зафаќа 57.150 хектари, или околу 20 отсто од вкупната површина на Македонија, која изнесува 2.571.300 хектари.

Европската комисија соопшти дека бројот на барања за европска помош во гаснење пожари веќе е изедначен со вкупниот број барања за целата 2024 година.

– Механизмот за цивилна заштита на ЕУ е активиран 16 пати во текот на оваа сезона, а сме само на половина од август, изјави портпаролката на Комисијата, Ева Хрнцирова.

Последното барање пристигнало од Шпанија пред два дена, што е прво барање на оваа земја откако постои Механизмот.

Механизмот за цивилна заштита на ЕУ е воспоставен во 2001 година за унапредување на соработката меѓу земјите членки и десет држави однадвор, вклучувајќи и земји од Западен Балкан. Тој овозможува координирана и брза реакција во случаи на катастрофи, при што Европската комисија покрива дел од трошоците за транспорт и распоредување на ресурси.

Од неговото активирање досега, Механизмот одговорил на повеќе од 770 барања за помош во и надвор од ЕУ, пренесе МИА.

Tags: ЕУпожар
Next Post
Фото: МИА

Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор

НАЈНОВО

Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите

August 15, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

August 15, 2025

„Мегадет“ го најавија својот последен албум и прошталната турнеја в година

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk