ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

САД го повикаа Израел да го спроведе договорот за прекин на огнот откако Либан го направи „првиот чекор“ за разоружување на Хезболах

August 18, 2025 12:42
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот специјален претставник Том Барак денеска изјави дека либанската Влада го направила „првиот чекор“ кон разоружување на проиранската група Хезболах и сега останува Израел да го направи својот дел за спроведување на договорот за прекин на огнот со кој заврши војната, јавија фарнцуските медиуми.

Ова е првата посета на Барак на Либан откако, под притисок на САД и соочена со ризикот од зголемени израелски напади во Либан, либанската Влада на почетокот на август ја задолжи армијата да изготви план за разоружување на Хезболах до крајот на годината.

Одлуката е дел од спроведувањето на договорот за прекин на огнот, постигнат на 27 ноември со посредство на САД, со кој заврши последниот едногодишен конфликт меѓу проиранското движење и Израел, вклучувајќи два месеци отворена војна.

-Мислам дека либанската Влада го направи првиот чекор. Она што ни треба сега е Израел да преземе соодветни чекори, рече американскиот претставник по средбата со либанскиот претседател Џозеф Аун.

Договорот за прекин на огнот бара Хезболах да се повлече од областите јужно од реката Литани и да ја повлече својата воена инфраструктура во замена за распоредување на либанската армија и мировните сили на ОН. Исто така, се бара Израел да се повлече од јужен Либан.

Меѓутоа, Израел продолжува да чува свои трупи на пет позиции на границата што ги смета за стратешки и редовно спроведува воздушни напади над територијата на својот сосед.

Запрашан за повлекувањето на израелските сили од Либан и прекинот на кршењето на договорот, Барак рече дека ова е „следниот чекор“.

-Во наредните недели ќе видите напредок на сите фронтови, уверува американскиот дипломат. „Ова значи подобар живот за луѓето од регионот“, додаде Барак.

Шиитското движење, единствената либанска вооружена фракција на која ѝ е дозволено да го задржи своето оружје по либанската граѓанска војна од 1975 до 1990 година, ја отфрли парламентарната одлука за разоружување. Лидерот на Хезболах, Наим Касем, во петокот ја обвини владата дека со овој потег ја „отстапува“ земјата на Израел.

Tags: израелЛибанТом БаракХезболах
Next Post
Хамас. Фото: Принтскрин

Хамас доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Газа

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk