ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025 15:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, која објави кандидатура за градоначалничка на Центар како кандидат на „Независни заедно“, денеска беше на распит во Обвинителство во врска со кривична пријава против неа.

Ивановска, во изјава за медиумите, по нејзиниот распит во Обвинителсто, рече дека била повикана поради кривична пријава за несовесно работење по член 353, додека била претседателка на Антикорупција, нагласувајќи дека не може да сподели за кој предмет точно се однесува за да не попречува на работата на Обвинителство.

-Обвинета сум дека наводно начинот на кој што ние сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било на некој начин, спорно за пријавителот. Денеска на средбата со обвинителката јас појаснив на кој начин ДКСК ги оформува предметите. Во конкретниот случај бил отворен предмет по сопствена иницијатива, на член на нашата комисија. Предметот се работел, на крајот предметот е без некои наоди и постапката е завршена без никакви сомнежи понатаму, но она што било спорно за пријавувачот е на кој начин ние сме комуницирале со јавноста, изјави Ивановска.

Според Ивановска, нема ништо спорно, нагласувајќи дека на обвинителката убаво и објаснила како постапува ДКСК, која е улогата на Претседателот на ДКСК – дека ги потпишува одлуките кои се носат колективно со мнозинство од членовите, без разлика дали е тоа за отворање или затворање на предмет.

– Пријавата е до мене бидејќи јас сум потписник. Од познат подносител е, не е анонимна. Не ме прашувајте понатака. Не е убаво од моја страна да им попречувам во процедурата, изјави Ивановска.

Во однос на поканата која ја доби во истиот ден кога ја објави кандидатурата за градоначалник на Општина Центар, Ивановска рече дека „мислењето на јавноста за ефикасноста на јавнот обвинителство е такво, какво што е и тоа остава простори за сомнежи, не кај мене, туку општо кај граѓанството“.

-Ако јавното обвинителство постапувало секогаш ревносно и за кратко време ги доставувало пријавите што треба, тогаш никој немало да се посомнева, зошто сега или зошто утре, задутре. Од тука произлегуваат сомнежите. И мене ми е прашањето дали сите пријави кои што биле арховирани на 25 јули се доставени на 14 август и тоа од страна на полиција, изјави Ивановска.

Прашана дали останува сомнежот дека има поврзаност со нејзината изборна кандидатура, Ивановска рече дека „не сака да верува во тоа“ и дека само кажала што и се случило.

-Знаете како е. Ние секогаш сме пред една голема лекција за демократија и мора да ја учиме демократијата. Мораме да оставиме слобода и волја на граѓаните, слободно да мислат и да размислуваат. И тоа е тоа. Предизборието е секогаш можност да направиме проценка до каде сме со нашето растење. Еве и ова е една од тие лекции, изјави Ивановска.

Ивановска на 14 август објави дека ќе се кандидира за градоначалничка на Центар како кандидат на „Независни заедно“, а следниот ден  преку својот профил на Фејсбук објави дека полицијата вечерта и доставила кривична пријава.

-По 11 часа откако ја објавив мојата кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата. Синоќа во 20:30 часот двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам Поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август. Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација, напиша Ивановска.

Tags: Билјана ИвановскаОЈО
Next Post
Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk