ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025 09:42
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ

Согласно Роковникот за локалните избори 2025, во тек е барањето акредитации за набљудување и известување од изборите закажани за 19 октомври.

Рокот за барањето за набљудување започна од денот на распишување на изборите, а завршува на десет дена пред денот на гласањето, односно на 8 октомври на полноќ. Барања за набљудување на изборите може да достават сите домашни здруженија и странски организации, кои се регистрирани согласно со закон, најмалку една година пред денот на одржувањето на изборите, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права, меѓународни организации и претставници на странски земји вклучително и претставници на медиуми.  Подносителите на барањата за следење на изборите поднесуваат Барање за регистрација на набљудувачи на изборен процес, додека претставниците на странските медиуми поднесуваат Формулар за акредитација на медиуми. Двете барања се достапни на веб страната www.sec.мк.

Домашните здруженија и странски организации, покрај Барањето доставуваат и Копија од Статут на здружението, копија од регистрација пред надлежен орган, список на набљудувачи и копија од документ за идентификација на предложените набљудувачи.

Меѓународните организации и претставници на странски земји, покрај Барањето за набљудување, доставуваат и Список на набљудувачи и копија од документи за идентификација на предложените набљудувачи.

Претставниците на странските медиуми покрај Барањето за акредитација на медиуми, доставуваат список на новинари, сниматели, фоторепортери и копија од документ за идентификација.

Претставниците на медиумите од Република Северна Македонија не подлежат на процес на акредитација.

Барањата со потребните прилози се доставуваат на мејл адресата observers@sec.mk, најдоцна десет дена пред денот на гласање, односно најдоцна до 08 октомври 2025 година до 24.00 часот.

Државната изборна комисија ќе издаде овластување на сите подносители за набљудување и следење на изборите кои ги исполнуваат условите најдоцна 7 дена по приемот на барањето.

ЦИВИЛ отвори повик за аплицирање за изборни набљудувачи за локалните избори 2021. Организацијата ги повика своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи. Повикот во оваа фаза е отворен до 30 јуни на полноќ.

Кликнете на линкот за повеќе детали и линкови до формуларите за аплицирање 👉 https://civilmedia.mk/tsivil-otvori-povik-za…/

Next Post

Oдбележување на Денот на независноста на Украина во Скопје со свечена церемонија и културна програма

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

August 24, 2025

Д-р Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

August 24, 2025

(ВИДЕО) Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk