ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Експерти од Словенија, Италија, Австрија или Германија ќе утврдуваат дали се правеле непотребни операции во приватните болници

August 25, 2025 09:24
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО

Експерти од Словенија, Италија, Австрија или Германија ќе утврдуваат дали се правеле непотребни операции во приватните болници. Листата со имиња на странските експерти, како што најави министерот за здравство Ази Алиу, треба да биде комплетирана денеска.

Алиу во саботата изјави дека еден експерт ќе биде од Словенија, вториот е одлучено да биде од Италија, а за изборот на третиот во игра се имиња од Австрија и Германија.

Министерството за здравство со нив ќе потпише договор со цел да утврдат дали се вршеле непотребни интервенции кај пациенти во приватните клиники.

Одлуката за ангажирање на странски експерти, според министерот Алиу, е заради поголема објективност и утврдување на вистинската слика.

Министерот нагласи дека приватните здравствени институции ќе мора задолжително да ги отворат нивните бази на податоци за да се следи здравствената патека на секој граѓанин.

– Веќе работи комисија кај нас, ако има законски пречки да се отстранат веднаш, наредната недела, и ќе пуштиме писмо до сите приватни здравствени институции од 15. наредниот месец да мора задолжително да ги отворат базите за да може ние да ги агрегираме сите постоечки информации што се таму во нивните институции. Ова е право на државата. Бидејќи секој граѓанин директно или индиректно придонесува кон здравствениот систем во државата и кон Фондот и затоа, ние мора да бидеме во тек со здравствената патека на секој граѓанин во земјава, рече Алиу.

Директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски во саботата упати апел до можните оштетени граѓаните во кардиохирургијата и до сите други пациенти, да поднесат жалби.

Изјавата на Клековски доаѓа откако кардиохирургот Сашко Кедев пред неколку дена изјави дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и стентирања и операции. По оваа изјава МЗ најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните здравствени институции, но и продолжување на контролите во јавните здравствени установи кои се занимаваат со истата проблематика.

Tags: Алиуекспертиприватни болници
Next Post

СпејсХ го одложи пробниот лет на Старшип поради технички проблеми

НАЈНОВО

Ерол Ризаов

Како да ги препознаете лагите

August 25, 2025

Њујок Тајмс: Дали Украина ќе се откаже од Донбас?

August 25, 2025

Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk