ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

АНАЛИЗА на Порталб: Инфлацијата не се победува со популизам, туку со структурни реформи и строга буџетска политика

August 26, 2025 15:33
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Проекцијата од 2,7 отсто инфлација за годинава станува се понеостварлива. Според последните податоци од Заводот за статистика, во јуни годинава во споредба со истиот месец лани, инфлацијата е зголемена за 4,8 отсто, а цените на мало се зголемиле за дури 5,3 отсто, пишува Порталб.мк, пренесува Мета.мк. Премиерот Мицкоски најави „непопуларни“ мерки за намалување на ценовниот притисок на долг рок.

Годинава повисока инфлација од проектираното ниво од 2,7 отсто 

На годишна основа, во јуни во споредба со истиот месец лани, трошоците на живот за храна се зголемени за дури 6,8 отсто, за мебел, покуќнина и одржување на домаќинство порастот е за 5,1 отсто, за транспорт за 4,6 отсто.

Од почетокот од годинава, јуни не е единствен месец кога е измерена повисока стапка на инфлација од 3 отсто. Според економисти со кои разговаравме, владината прогноза за инфлација на ниво од 2,7 отсто за годинава станува сè понереална.

„Прогнозираната инфлација од 2,7 отсто за годинава е сè повеќе нереална, токму затоа што државата се потпира на оптимистички сценарија наместо на реални структурни пресметки. Решението е во дисциплина и предвидливост: долгорочна стратегија која ќе ја намали несигурноста за бизнисите и граѓаните, наместо краткорочни популистички мерки. Само така инфлацијата може да се стабилизира на ниво што ќе овозможи одржлив економски раст“, вели за Порталб професорот, економист Абил Бауш.

Граѓаните сè повеќе го чувствуваат ценовниот притисок. Иако завршува сезоната на летното овошје и зеленчук, во продавниците цените се одржуваат на високо ниво, па така на пример лубеницата се продава и по 28 денари за килограм, а праските и до 190 денари.

Владина најава за „непопуларни“ мерки за стабилизирање на инфлацијата

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен да спроведе “болни“ мерки за стабилизација на инфлација на долг рок предизвика внимание во јавноста. Мицкоски оцени дека решението не е во замрзнување и ограничување на цени и на маржи.

„Свесни сме дека можеби ќе има политичка цена, но подобро на краток рок да ја платиме таа политичка цена, отколку граѓаните да ја платат на долг рок“, рече  премиерот.

Според економистите, инфлацијата не се „зауздува“ со административни мерки. Дел од аналитичарите во најавата на премиерот за „болни“ промени, препознаа корелација со промена во политиките за пораст на платите.

Стабилизацијата на ценовниот притисок значи и промена на владините политики и навики за трошење, велат економистите.

„Стабилизацијата на инфлацијата не се постигнува со административни мерки, туку со комбинација од макроекономска дисциплина и структурни реформи. Прво, потребна е построга буџетска политика ограничување на тековните трошоци и насочување на јавните пари кон капитални инвестиции што ќе ја зголемат продуктивноста. Второ, монетарната политика треба да остане внимателна, со контрола врз кредитната експанзија и стабилен девизен курс. Трето, потребни се мерки за поддршка на домашното производство и енергетската стабилност, затоа што увозната зависност ја прави инфлацијата уште поранлива“, вели професорот Бауш.

Растечката инфлација ја потврдија и од НБМ.

„Растот на цените произлегува од базичната инфлација и прехранбената компонента, коишто во најголем дел придонесуваат за забрзување на растот на цените“ – соопштија од Народната Банка. Од страна на меѓународните финансиски институции беше посочувано дека порастот на платите но и на пензиите врши притисок врз инфлацијата. Како ќе заврши ценовната 2024 та допрва ќе видиме. “Инфлацијата не се победува со популизам, туку со дисциплина и структурни реформи“, вели Бауш на прашањето, како да ја стабилизираме или зауздаме инфлацијата.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Муцунски – Кос: Потврдена посветеноста и поддршката за евроинтегративниот пат на државата

НАЈНОВО

Оскарите

Холивудски икони без Оскар: Големите имиња што Академијата никогаш не ги награди

October 19, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Излезноста во Битола до 15 часот е 31,45%

October 19, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Комо му го нанесе првиот пораз на Јувентус во сезоната во Серија А

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk