ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Славески: Напори за инфлација под три проценти, охрабрувачки сигнали од Владата

August 26, 2025 12:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески уверува дека се преземаат мерки за намалување на инфлацијата на ниво под три проценти, во која насока гледа охрабрувачки сигнали од страна на Владата.

– Навистина сакаме да се симнеме на инфлација под 3  проценти. Тука има охрабрувачки сигнали од страна на Владата, помалку популизам од аспект на пристисоците за раст на платите. Најверојатно до крајот на годината ќе има напори, мерки, да се вклопи буџетот во рамки на она што е придвидено, буџетскиот дефицит од аспект на трошењето. Тоа е фискалниот  аспект. А сето она што го правиме со дополнителни макропрудентни мерки како што ги нарекуваме, претпазливоста од аспект на основната каматна стапка на благајничките записи која што од јануари не ја имаме променето, сето тоа е во насока на некој начин на намалување на инфлацијата на едно прифатливо ниво. Тоа прифатливо ниво е кога нема да ги тангира луѓето. Ќе има блага ползечка инфлација секогаш да речеме од околу два проценти, којашто нема да ја перципираме и нема да влијае на нашите одлуки и очекувањата, изјави Славески, по денешната средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Славески потврди дека системот на државава во рамки на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) ќе стане оперативен во текот на декември.

– Беше објавено дека од октомври и официјално влегуваме во СЕПА, ќе ни требаат заради подготовката на системот уште два месеца и до крајот на годината во текот на декември системот ќе стане оперативен, рече Славески.

Во однос на пад на берзите во европоските земји посочи дека нема причина за пренос на нашите пазари, а за поголема сигурност за инвеститорите ја истакна важноста од поврзувањето на пазарите на капитал во регионот, за што вчера во Загреб беше потпишан Меморандум за разбирање во врска со соработката во еволуцијата на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа.

– Секогаш кога има намалување на каматните стапки кај водечките економии тоа по правило значи намалување на вредоста на нивната валута затоа што пониски каматни стапки значат помал интерес за инвестирање во нивните средства, така што не гледам тука некоја причина за пренос на нашите пазари. Нашиот пазар на хартии од вредност, акциите, долгорочни хартии од вредност,  е прилично ограничен. И со ова за што сега министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска  е во Загреб конечно тоа што со години дури и децении се зборува за поврзување на пазарите на капитал на просторот во регионот може да значи поголема сигурност за инвеститорите, оцени гувернерот Славески. 

Tags: инфлацијаСлавески
Next Post

Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

НАЈНОВО

Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

August 26, 2025

„Култура Бета“ по вторпат ја отпочнува донаторската акција за стари книги, плочи и цедеа

August 26, 2025

Нов успех за режисерката Тамара Котевска: Два филма на Венецијанскиот филмски фестивал

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk