ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Не не буткајте на улица, последното зголемување на минималната плата е во 2022 година

August 27, 2025 09:04
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата за зголемување на минималната плата, не е борба против Владата или за затоврање на компаниите, туку е борба за егзистенција за работниците, вели претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов.

Според Трендафилов, загрижува тоа што нема договор за зголемување на минималната плата, а не смее ниту да има до завршување на локалните избори. Тој во интервју  за Канал 5, предупреди дека секоја година се повеќе граѓани се иселуваат и бројот на вработени се намалува и дека не треба да се доведеме во ситуација, како што вели „заради алчноста или самобендисаноста на една од страните или на две од страните наспроти третата“ работниците да трпат и да заминат од земјава.

-Од почетокот на годината до сега сме одржале 14 протести и два штрајка за плати, не сме имуни на огранизирање на нови и тоа сме им го кажувале на сите власти до сега, но се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и преку дијалог ќе дојдеме до повисоки плати, вели првиот човек на ССМ.

Според него доколку и пратениците навистина се грижат за работниците, тогаш може уште веднаш да донесат измени и дополнувања на законот за минимална плата и тоа да се применува по завршување на локалните избори.

Последното зголемување на минималната плата во 2022 година, нагласува Трендафилов, е извојувано на улица и како ССМ велиме „не не буткајте на улица, дајте да седнеме да се договориме“ за зголемување на платите.

-Но, кога немате апсолутно никакво разбирање од спротивната страна, кога едните велат „договорете се вие со работодавачите“, а работодавачите ви велат „како да се договориме ние се вас“ и тоа е еден круг што е на штета на 167 илјади вработени во државата, вели Трендафилов.

Според него, најголеми виновници се креаторите на политиките, работодавачите и Парламентот и тие треба да им објаснат на работниците зошто дозволуваат тоа да се случи.

-Ако имате 510 илјади работници во државата, наспроти 60 илјади работодавачи, кои патем не сите имаат проблем со исплаќање на платата на работниците. Од таа гледна точка, сметаме дека со незголемувањето на минималната плата и неприфаќање на предлогот, директно оштетуваат 167 илјади работници во државата кои според  УЈП се со примања под 30 илјади денари. Тоа е огромна бројка, една третина од вкупниот број работници во државата, изјави Трендафилов.

Како аргументи, Трендафилов го посочи тоа дека синдикалната кошница, која ја пресметува ССМ не може да се покрие со две минимални плати. Делот за храна и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, додава тој, е еднаков на една минимална плата, и посочува дека минималната плата во Србија од октомври ќе изнесува 500 евра, во Црна Гора е 600 со 800 евра, додека во Босна и Херцеговина 511 евра.

Нема изговор за незголемување на платите, вели Трендафилов, но нагласува дека не може само три, пет или седум ијлади луѓе, колку што биле на последниот протест на 1 Мај да извојуваат зголемување на минималната плата.

– 160 илјади работници не знаеме што чекаат на овие седум илјади да се изборат за нив, или 509 илјади работници вкупно во државата да очекуваат дека 63 илјади членови на ССМ сами ќе се справат и со Владата и со работодавачите. Тоа се многу фронтови и поддршката е потребна од сите синдикати и од сите работодавачи, вели Трендафилов.

Tags: минимална платаССМТрендафилов
Next Post
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина/ Фејсбук

Украинските одбранбени сили го запреа руското напредување во Днипропетровската област

Shortcut

Најново

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk