Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, се пресели во Манчестер сити, објави Фабрицио Романо.
Трансферот на 26-годишниот Италијанец ги чини „Граѓаните“ 39 милиони евра.
Донарума бранеше за пари Сен-Жермен од јули 2021 година. Неговиот договор со Парижаните имаше важност до 30 јуни 2026 година.
Во сезоната 2024/25, голманот прими 43 гола на 47 натпревари во сите натпреварувања, при што на 17 натпревари не прими гол.
„Трансфермаркт“ ја проценува трансферната вредност на Донарума на 40 милиони евра.