Возачот на Ферари, Луис Хамилтон даде свое видување за настапот на Големата награда на Холандија, каде што не ја заврши трката поради излетување од патеката.
– Тешко е да се прифати овој резултат, но додека продолжувам да се движам напред, се концентрирам на многуте позитивни работи. Новиот пристап многу се подобри, а направените промени дефинитивно помогнаа да се постигне напредок. Иако сè уште не сме во позицијата во која би сакале да бидеме, уверен сум дека се движиме во вистинската насока. За мојот неверојатен тим, ќе направам сè што е можно за да ги вратам изгубените бодови. Мојата решеност да се борам за нас е непоколеблива. Сега одиме во Монца, каде што страствените тифози ќе нè чекаат. Едвај чекам да ги видам сите таму, напиша Хамилтон.
Британецот е во серија од 15 трки за Ферари без подиум, што е нов негативен тимски рекорд за Скудерија.
Претходно, лидер на оваа статистика беше Иван Капели. Тој возеше за Ферари во сезоната 1992 (која вклучуваше 14 етапи) без ниту еден подиум.