Министерството за образование и наука (МОН) на сите наставници и стручни соработници, на учениците и нивните семејства им посакува успешна учебна година.
– Со добро здравје и силна посветеност кон учењето и работата, да ги остварат личните обврски и цели. Ги охрабруваме учениците со љубопитност да чекорат по патот на знаењето, кое е најмоќната алатка за успех што секој може да ја понесе со себе низ животот. Да бидат истрајни во справувањето со предизвиците и на нив да гледаат како нови можности за лична надградба и просперитет, се вели во соопштението.
Од МОН до наставниците и сите вработени во училиштата изразуваат благодарност и почит.
– Тие се столбот на образованието и заедно со родителите/старателите треба да продолжат да им го трасираат патот кон успехот на новите генерации. Министерството за образование и наука и натаму ќе се заложува за квалитетно, современо и инклузивно образование за сите. Потребна е соработка и поддршка. Повикуваме на обединетост во градењето на училишта исполнети со знаење и почит, во градењето на средина во која младите ќе сакаат да останат и да го вложат својот потенцијал. Среќно на сите!, се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука.