ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Партијата на пензионери не може да излезе од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ затоа што никогаш не била дел од истата

September 1, 2025 15:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Партијата на пензионери да не ја лаже и манипулира јавноста, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштението – реакција на денешната прес-конференција на Партијата на пензионерите на која тие објавија дека на претстојните локални избори ќе коалицираат со СДСМ.

Партијата на пензионери да не ја лаже и манипулира јавноста. Партијата на пензионери не може да излезе од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од едноставна причина што никогаш оваа партија не била дел од истата. Но точно е дека оваа партија пред само неколку месеци излезе од коалицијата со СДСМ. Со зачуденост гледаме на нивното постојано променливо однесување.

Претходно денеска, дел од раководството на Партијата на пензионери на централно и локално ниво, заедно со членови и поддржувачи од повеќе општински организации, објавија дека на претстојните локални избори ќе продолжат со поддршка на досегашниот коалициски партнер – Социјалдеомкратки сојуз (СДСМ).

-Со СДСМ делиме исти идеолошки вредности, имаме компатибилни програмски цели и пензиски политики, и соработуваме на принципиелни основи. Наш приоритет останува правично, стабилно и долгорочно остварување на интересите на пензионерите во земјата, изјави потпретседателот на Партијата на пензионери, Миле Андоновски.

На денешната прес-конференција во Скопје тој соопшти дека во наредните денови, претставници на партијата ќе остварат директен контакт со локалните изборни штабови на СДСМ и коалицијата, со цел активно вклучување во нивните предизборни и изборни активности.

На прашањето што доколку останатиот дел од раковоството и членството на партијата не се согласува со нивната одлука, тој рече дека тогаш би дошло до поделба на партијата.

Истовремено, од партијата информираат дека Одлуката на Извршниот одбор за отпочнување коалициска соработка со ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлива, поради, како што велат, бројни критики, разочарување и револт меѓу членството. Како главни причини за отфрлање на оваа одлука се наведуваат несоодветното образложение, потенцијалното фаворизирање на лични политички амбиции на поединци, како и идеолошките разлики и несогласувања во пензиските политики меѓу двете партии.

-Нелогично е преминувањето преку постоечките разидувања во идеологијата и прокламираните пензиски политики и мерки на ВМРО-ДПМНЕ со идеологијата и пензиските политики на ПП утврдени во Програмата на Партијата, што води кон обезличување на ПП и губење на нејзиниот политички идентитет, рече меѓу другото Андоновски.

Партијата, исто така, упати критика кон, како што велат, „популистичките пензиски политики на актуелната власт“, меѓу кои ја наведоа мерката за линеарно зголемување на партиите, кои ги оценуваат како обид за предизборен поткуп на пензионерите.

Tags: ВМРО-ДПМНЕПартија на пензионери
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Реакции на статијата на „Цајт магазин“- 10 страници за висината и „уметноста“ на Рама, нула за корупцијата и заробувањето на државата; Косовското собрание не успеа да изгласа потпретседател од српска етничка заедница

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk