ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Герапетритис: Средба Мицотакис – Ердоган на маргините на Генералното собрание на ОН

September 2, 2025 10:01
in ДЕНЕС, РЕГИОН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се очекува да се сретнат на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк на крајот од месецов, најави министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија Action 24“, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија посочи дека сè уште не е одреден конкретниот датум, но ќе биде во периодот меѓу 22 и 26 септември и нагласи дека нема да биде само протоколарна средба, бидејќи ниту една од средбите на двајцата лидери во минатото не беше само протоколарна.

Дополнително изрази желба односите меѓу двете земји да можат да стигнат до ниво на целосна нормализација и „да не биде главна вест дека двајца лидери на соседни земји се сретнуваат и разговараат“.

– Навистина ќе се одржи оваа средба, ќе биде суштинска средба и се надеваме дека ќе се ублажат разликите што постојат, посочи Герапетритис.

Говорејќи за грчко-турските односи истакна дека во изминатите две години работеле на воспоставување на функционални односи базирани на доверба и покрај различните позиции што ги имаат двете земји.

За Украина потенцираше дека Грција нема воено да учествува во безбедносните гаранции за Украина, туку ќе учествува во обновата и хуманитарните акции.

Во однос на ситуацијата во Газа рече дека „во моментов се случува хуманитарна катастрофа“.

– Треба да се исцрпат сите можности за веднаш да се запрат непријателствата. Да се обнови протокот на хуманитарна помош, секако заложниците безусловно да се вратат, а во рамките на политичкото решение, да се воспостави Палестинска држава, рече Герапетритис.

За барањата на грчката опозиција за признавање на Палестинската држава, објасни дека е јасно дека Грција ќе ја признае и прашањето не е дали ќе ја признае, туку кога ќе се случи тоа.

Next Post

Прв официјален извоз на нафта од Сирија по 14 години војна

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk