Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, предупреди дека депонијата Вардариште претставува сериозна еколошка закана за жителите на главниот град.
„Над 150.000 жители од Аеродром и Гази Баба секојдневно се изложени на чад и загадување од Вардариште,“ изјави Шукова.
Таа остро ги критикуваше актуелната градска власт и ВМРО-ДПМНЕ за занемарување на проблемот. „ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска четири години го оставија Скопје да се гуши во ѓубре, а Вардариште се претвори во вистински екоцид. Тоа мора веднаш да запре,“ порача таа.
Како решение, Шукова најави итни мерки: „Потребна е итна интервенција со 24-часовен надзор, целосно оградување на депонијата и забрана за влез за сите освен за вработените од ‘Комунална хигиена’. Скопје заслужува чист воздух и безбедно опкружување. За Вардариште е потребно системско решение.“