ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Битиќи: Нов ден ново задолжување на владата на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните плаќаат прескапа цена

September 2, 2025 16:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на ВМРО-ДПМНЕ најави ново задолжување од 15 милиони евра преку заем од Светската банка, со образложение дека парите ќе се користат за унапредување на основното образование. Секое вложување во образованието е неопходно, но да бидеме искрени.  ова не е дебата за квалитетот на образованието. Денес, гледаме уште еден пример на непромислено, нетранспарентно и лицемерно задолжување, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница.

Битиќи потсети дека истиот проект за унапредување на основното образование, кој сега ВМРО-ДПМНЕ го предлага преку заем, во 2021 година беше блокиран токму од нив.

„Овој проект тогаш не им беше прифатлив, а денес,  истиот го претставуваат како свој успех. Што се смени? Само тоа што сега се на власт“, реагираше Битиќи.

Тој потенцираше дека Владата предлага ново задолжување во услови кога јавниот долг има засилен тренд на зголемување, а државата е турната во должничка спирала и кога истите тие што ги задолжуваат граѓаните немаат храброст да излезат пред јавноста и да кажат каде одат тие пари и под кои услови.

-Наместо конкретен план, листа на училишта или барем критериуми според кои ќе се распределуваат средствата, јавноста доби, молк. Вчера добивме 55 секунди објаснување на собраниска комисија. Денес , 3 минути и 20 секунди. Без ниту еден документ, без визија, без отчет. Само нов долг, обвиен во празни зборови“, посочи Битиќи.

Тој потсети и дека растечката задолженост е без контрола, нагласувајќи дека од 1 јули 2024 до 1 септември 2025, државата се задолжила за над 1,8 милијарди евра. Дополнително, најавени се нови 950 милиони евра преку заеми на меѓународниот пазар и 70 милиони евра од домашните банки. Со тоа, вкупниот износ на задолжување ќе надмине 2,8 милијарди евра.

-Фискалниот совет алармира дека постојат над 700 милиони евра доспеани, но неплатени обврски ,  тоа е 4,4% од БДП. Тој товар е скриен од граѓаните, но е реален, и еден ден ќе дојде на наплата“, истакна Битиќи.

Тој потенцираше дека јавниот долг од 56,9% од БДП во третиот квартал од 2024, пораснал на 62,4% на крајот на годината, а во првиот квартал од 2025, паднал на 57,7%, само за повторно да се зголеми на 58,5% во вториот квартал.

-Тоа значи дека јавниот долг се зголемил за 867 милиони евра  од 8,8 на 9,7 милијарди евра до крајот на јуни 2025. Ова не е стабилност. Ова е должничка спирала“, нагласи Битиќи.

Остра критика упати и за неспособноста на Владата да ги искористи средствата од Европската Унија.

-43 милиони евра за реформска поддршка останаа неискористени. Уште 52 милиони евра аванс не се ставени во функција. Од очекуваните 17,1 милион евра, добивме само 8 милиони, затоа што оваа Влада реализирала само 40% од потребните реформи. Ова не е вина ни на Бугарија, ни на Грција, ни на СДСМ. Ова е вина исклучиво на Владата, која не го исполнила својот дел од обврските. Наместо да користи европски грантови што не мора да се враќаат, тие избираат кредити што ќе ги враќаат идните генерации!“ рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

 

 

Tags: Битиќизадолжување
Next Post

Шукова: Топли училници, деблокирана администрација и финансиска стабилност во скопските училишта

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk