ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Граѓаните на ЕУ очекуваат повеќе единство и средства за справување со кризи

September 3, 2025 12:01
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во време на геополитичка неизвесност, 68 отсто од жителите на ЕУ сметаат дека Унијата треба да игра поголема улога во заштитата на своите граѓани од глобални кризи и безбедносни ризици, 90 проценти сакаат поголемо единство меѓу земјите членки, а 77 отсто се на ставот дека на блокот му се потребни дополнителни средства во справувањето со актуелните предизвици.

Ова го покажуваат резултатите од најновото истражување на Евробарометар на Европскиот парламент за очекувањата на очекувања на граѓаните на земјите членки на ЕУ од Унијата и нејзината буџетска рамка за по 2027 година објавени денеска.

– Анкетата покажува дека во еден се понепредвидлив свет, Европската Унија се појавува како место на стабилност во очите на граѓаните. Поддршката на членството во Унијата достигна највисоки нивоа во 2025 година, но постојат и силни очекувања во врска со идната улога на ЕУ, при што граѓаните фокусот го ставаат на безбедноста, одбраната, економијата, мирот и демократијата, се наведува во воведната оценка на истражувањето.

Во текстот се додава дека Европејците повикуваат на поголемо единство меѓу земјите членки и бараат повеќе средства за справување со сегашниот меѓународен контекст.

– Додека се дискутира долгорочниот буџет на ЕУ по 2027 година, големо мнозинство од граѓаните бараат транспарентност и демократски надзор врз тоа како ќе се инвестира. Долгорочниот буџет на ЕУ треба да биде доволно флексибилен за да одговори на сегашните и идните предизвици, а воедно да и овозможи на Европската Унија да инвестира во она што е важно, се додава во анализата.

Ако сака да ја зајакне својата позиција во светот и да се справи со актуелниот политички и економски контекст,  според 37 отсто од испитаниците опфатени со анкетата, ЕУ треба да се фокусира на зајакнување на одбраната и безбедноста, а според 32 проценти на конкурентноста, економијата и индустријата.

Главни предизвици со кои треба да се справи ЕУ за 41 отсто Европејци се инфлацијата, растот на цените и зголемувањето на трошоците за живот, за 34 проценти одбраната и безбедноста, а за 31 отсто борбата против сиромаштијата и општествената исклученост.

Речиси четири петтини од анкетираните или 78 отсто сметаат дека повеќето проекти треба да бидат финансирани од ЕУ, а не одделно од земјите членки, додека 85  проценти се согласуваат дека поддршката за државите на Унијата треба да биде условена со почитување на владеењето на правото и демократските принципи.

Дури 72 отсто од граѓаните опфатени со анкетата на Евробарометар сметаат дека ЕУ влијае врз нивниот секојдневен живот, при што за половина од нив или 50 проценти тоа влијание е „позитивно“ , за 31 процент „ниту особено позитивно, ниту негативно“, а 18 отсто го оценуваат како „негативно“.

Речиси три четвртини од Европејците или 73 отсто сметаат дека нивната матична земја имала корист и придобивки од членството во ЕУ.

Како главни придобивки од членството на нивната држава во ЕУ, 37 отсто од анкетираните ги посочиле заштитата на мирот и зајакнувањето на безбедноста, 36 проценти подобрената соработка со останатите членки на Унијата, а за 29 отсто тоа е придонесот кон економскиот раст.

Во врска со резултатите од истражувањето, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, оцени дека тие покажуваат оти граѓаните на ЕУ сакаат Европа да се фокусира на безбедноста и економијата.

– Тие од ЕУ бараат стабилност и очекуваат силен и обединет европски глас во денешниот несигурен свет. Нашите приоритети и следниот долгорочен буџет на ЕУ затоа мора да и овозможат на Унијата да се справи со новите геополитички реалности, изјави Мецола.

Според неа, Европскиот парламент ги слуша граѓаните и ќе се заложи да ги насочи париите кон она што им е важно на Европејците.

Анкетата е спроведена во сите 27 земји членки на ЕУ во периодот од 5 до 29 мај 2025 и со неа биле опфатени вкупно 26.410 жители на Унијата.

Tags: граѓаниЕУ
Next Post

Ликовна изложба во Скопје на штитеници од Психијатриската болница во Демир Хисар

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk