На 7 и 8 септември 2025 година светот ќе биде сведок на ретка астрономска појава – целосно затемнување на Месечината, познато како „крвава месечина“.
Ова ќе биде најдолгото целосно затемнување од 2022 година, со траење од 1 час и 22 минути, време во кое Месечината ќе добие длабока црвеникава боја.
Атракцијата ќе може да се следи од Австралија, Азија, Африка и Европа – што значи дека повеќе од 7 милијарди луѓе ќе имаат шанса да го набљудуваат феноменот. Од нив, околу 6,2 милијарди ќе можат да ја видат целосната фаза на затемнувањето од почеток до крај. Северна и Јужна Америка најмногу ќе ја пропуштат појавата бидејќи таму ќе биде дневно време, но делови од Хаваи, Алјаска и Бразил ќе можат да набљудуваат барем делумно затемнување.
Затемнувањето започнува во 15:28 часот по ГМТ, а ќе заврши во 20:55 часот. Највозбудливата фаза – целосната сенка – ќе трае од 17:30 до 18:52 часот по ГМТ.
Феноменот се случува кога Земјата се наоѓа точно меѓу Сонцето и Месечината и ја блокира сончевата светлина што паѓа врз површината на сателитот. Наместо целосно да исчезне, Месечината добива црвенкаст отсјај, бидејќи долгите црвени бранови должини успеваат да поминат низ атмосферата на Земјата, додека пократките сини се расфрлаат – ист механизам кој ја бои небото црвено при зајдисонце.
Само две недели подоцна, на 21 септември, ќе се случи и делумно затемнување на Сонцето, видливо од Нов Зеланд, Антарктикот, неколку пацифички острови и тесен појас на источниот брег на Австралија.
Редакција Фронтлајн