ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

September 3, 2025 12:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова смета дека нема потреба од нова декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите што најголемата македонска опозициска партија СДСМ најави дека ќе ја поднесе. Сиљановска-Давкова денеска од Охрид им порача на сите политички партии да седнат во Парламентот и да се договорат како ќе настапуваат надвор од државата.

– По толку бели линии, сега да зборувате за црвени линии, е апсурдно. Ние имаме декларација, и тоа не само една, туку неколку декларации имаме донесено во Собранието и не беа почитувани. Дури и референдумски резултат не почитувавме, а камоли црвени линии. Не разбирам што значи црвена линија во овој поглед, особено не ја разбирам аргументацијата дека доколку сепак посегне соседот по вето, ние тогаш ќе ги прекинеме преговорите, рече Сиљановска-Давкова во изјава за медиумите дадена по врачувањето на признанието „Инженерски прстен 2025“.

Според претседателката, најважно е политичките партии и од опозицијата и од власта да постигнат консензус за тоа како ќе се однесуваат надвор.

– Ако така се однесуваа по средбата на која сите и се израдувавме во Владата, мислам дека и ЕУ поинаку ќе се однесуваше. Ако лидерите на опозицијата и лидерите на сите партии зборуваа во еден глас дека мислиме вака и вака, дека ова е најдобро решение, сигурно поинаку ќе се однесуваа кон нас. Ама да слушате аргументација – предложија уставни измени со одложено дејство, не им ги прифатија. Првиот човек на Европската унија Кошта за измените со одложено дејство рече дека се извонреден потег. Зарем мисли некој дека ние ќе предложиме уставни измени со одложено дејство ако за тоа нема уставен основ. Па и првите уставни измени беа со одложено дејство, па и Преспанските беа со одложено дејство, истакна Сиљановска-Давкова.

Зборуваме за највисокиот акт на државата, за Уставот во кој пишува дека предлагач на уставните измени може да бидат 150 илјади граѓани, Владата и претседателот на државата.

– Не читам јас никаде Европската унија или соседите. Така е со сите устави, нагласи Сиљановска-Давкова.

Во однос на непочитувањето на одлуките од Меѓународниот суд на правдата во Стазбур, претседателката праша зошто е судот, ако неговите пресуди не важат за сите држави.

– Јас мислев дека пресудите на Судот се конечни и извршни и важат за сите држави. Какви се тие пресуди кои не важат, каков е тој суд чии пресуди не важат, праша Сиљановска-Давкова. 

Tags: Гордана Сиљановска ДавковадекларацијаЕУцрвени линии
Next Post

Таткото на Васил Јованов не признава вина за загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk