ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Со растот на БДП сме пред сите во регионот и трети во ЕУ

September 4, 2025 14:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со брутодомашниот производ (БДП) од 3,4 проценти во вториот квартал годинава Македонија го дели третото место со Хрватска  според постигнатиот раст меѓу европските држави и е пред сите држави во регионот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски  денеска рече дека очекува раст на економијата и над четири проценти до крајот на годинава.

– Државниот завод за статистика денеска објави дека БДП во Македонија во вториот квартал е пораснат за 3,2 проценти. Тоа значи дека во моментот се објавени во рамки на ЕУ од Евростат податоци за растот на БДП за 28 европски земји. Македонија го дели третото место со Хрватска. Пред нас се Ирска и Кипар, сите останати земји во потесниот и поширокиот регион се зад Македонија, изјави Мицкоски, при посетата на општина Брвеница.

Премиерот потенцираше дека со податокот за БДП во вториот квартал, економијата бележи раст од над три проценти четири квартали во низа со сегашната Влада.

-Првиот квартал беше третиот од минатата година кога имавме 3 проценти, па во четвртиот 3,2, па во првиот од годинава 3,2, сега е 3,4 проценти.  Очекувам до крајот на годината да имаме квартал кога ќе ја пробиеме границата со над четири проценти со што уште еднаш ќе ги демантираме конструкциите и лагите на опозициските партии дека на економијата не и одело добро. Ова се бројки, со бројките нема политикантство, нема играње, тоа се факти, рече Мицкоски.

Според податоците за БДП што ги објави денеска ДЗС, во второто тримесечје од година, поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7.3  проценти, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.0 проценти и Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 3.9  проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2025 година, номинално расте за 6.1 процент, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 68.5  проценти.

Во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 6.4  проценти, а увозот на стоки и на услуги исто така бележи зголемување во номинален износ од 7.3  проценти.

Tags: БДПМицкоски
Next Post

Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk