ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Државата е нашиот дом, борбата за иднината е заедничка обврска!

September 8, 2025 12:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државата измината година не се движи во добра насока и се повеќе станува своина на малкумина, а се помалку на граѓаните, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во видео обраќањето по повод 8 Септември, Денот на независноста.

Тој посочи дека државата е на граѓаните, не е ничија сопственост.

„Државата е на граѓаните. Таа е нашиот дом. Нашиот дом е нашето семејство, но и нашето маало, нашата општина, нашата заедница. За нашиот дом мора да се бориме сите. Македонија е и на тие што останаа овде, и на тие што заминаа, ама не заборавија. Мораме да ја чуваме оваа држава, затоа што немаме друга“, рече Филипче.

Претседателот Филипче повика на политичко и државничко освестување.

„Сакам да и порачам на власта, ова е земја на сите, за сите. Не е само ваша. Повикувам на политичко и државничко освестување. Патриотизам е да се бориш за чист воздух, а не да палиш депонии и да не преземаш ништо за тоа. Патриотизам е да помагаш на послабите и на посиромашните, а не да мислиш само на себе и да трошиш од државните ресурси за да нема доволно за граѓаните“, рече Филипче.

Државата е под закана од напуштање на деценискиот сон за интеграција, од масовно иселување и економско девастирање, додаде тој.

„Државата не се брани само со знаме и химна, се брани и со фер институции, и со праведно судство, и со еднакви шанси за сите. Затоа што денес, заканата не е од оружје, туку од корупцијата, од неправдата, од дискриминацијата, од сиромаштијата“, рече Филипче.

При тоа, во Филипче потсети дека СДСМ во изминатите 34 години удри печат на сите клучни државни одлуки заради кои денес имаме држава, додавајќи дека СДСМ грешеше, но никогаш не го напушти правилниот пат.

„Ја зачувавме државата од војна кога тоа изгледаше невозможно – и во 1991, и во 2001. Ги изградивме институциите од нула. Го пробивме мразот со замрзнатата минимална плата – од 9.000 денари, денес сме на 25.000. Ја подигнавме социјалната помош и платите. Се справивме со пандемијата и последователните економски кризи, секој денар што можевме го вложивме назад кај граѓаните. Влеговме во НАТО – заедно со најсилните демократии во светот.Ова не ни беше подарено. Сè е изборено, со многу мака и отпор“, рече Филипче.

Во видео обраќањето во кое на сите граѓани им го честита Денот на независноста, Филипче порача дека сега е време да се направи уште еден чекор, да обезбеди иднина што нема да зависи од тоа кој е на власт, туку каква држава сме изградиле.

„Оваа борба не е ни лесна, ни брза. Но е вредна. И ако 1991 се изборивме за независност, сега треба да се избориме за иднина. Честит нека ни е Денот на независноста, да ни е силна државата, да ни е чесна борбата“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Tags: Ден на независностаФилипчечеститка
Next Post

Зошто се злоупотребуваат тајните служби?

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk