ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рама: Членството во ЕУ, поблиску од кога било, ние сме промотори на мирот и стабилноста во овој дел на Европа

September 8, 2025 12:13
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот премиер Еди Рама на отворањето на Амбасадорската конференција „Diplo2025“ изјави дека Албанија е поблиску од кога било до членство во Европската Унија, опишувајќи го ова како историска цел за земјата.

-Традиционалната Конференција на амбасадори, оваа година, се случува во историски момент за патувањето на Албанија кон ЕУ, кое треба да заврши во 2030 година. Имаме четири години во кои не треба да се губи ниту еден ден, кога времето не чека за да се подготви целата основа за одлуката што ЕК ќе ја донесе за членството на Албанија во ЕУ. Преговорите се водат на билатерална основа, но целата атмосфера меѓу нив има свое значење и е под влијание на различни фактори. Поради оваа причина, секојдневната работа е многу битна, порача Рама.

Оцени дека оваа конференција се одржува во време кога кредибилитетот на Албанија на меѓународната сцена е повисок од кога било.

-Албанија е мала земја, но со восхитувачки успеси. Нејзините заслуги на меѓународната сцена се повисоки од кога било досега, рече Рама во својот говор.
Тој ја пофали работата на албанскиот дипломатски кор, нагласувајќи дека надворешната служба треба да стане референтна точка за талентираните лица кои сакаат да ѝ служат на земјата.

Конкретен пример, според премиерот, е работата на амбасадата на Албанија во Брисел во Европската комисија, посочувајќи дека е „создадено стабилно јадро, една од најубавите инвестиции во нашата дипломатска служба во текот на годините“.
Во обраќањето, тој ја нагласи важноста на одржувањето на мирот и стабилноста во регионот, повикувајќи ги дипломатските претставници да бидат најрешителните промотори на овие вредности.

-Имаме обврска да одржуваме односи со албанскиот фактор и да ја пренесеме нашата порака како нација посветена на европска иднина и партнерство со демократскиот свет, рече тој.

На конференција, учествуваат амбасадорите на Албанија низ светот, европски и меѓународни експерти, како и министри од соседните земји. Се одржува на тема „Албанија 2030: во Европа поврзана со светот” ќе се дискутира за интеграцијата на Албанија и регионот во ЕУ, економската дипломатија и регионалните и глобалните безбедносни прашања.

Tags: ЕУРамачленство
Next Post

Парламентарни избори во Норвешка

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk