ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Хоџиќ: Политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда

September 9, 2025 16:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За жал, Република Северна Македонија, откако сама го блокираше својот пат кон ЕУ, влезе во наративот на “српскиот свет”, изјави за ЦивилМедиа, Џелал Хоџиќ, претседателот на СДА Македонија.

Наративот на “српскиот свет” е составен во голема мерка од пропагандата на големосрпската политика, која уште има за цел промени на границите на државите од Западен Балкан. И Северна Македонија тука не е исклучок, смета Хоџиќ.

Според него, пропагандата на големосрпската политика прави проблеми и во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, па и во Северна Македонија.

Она што нас треба сериозно да нѐ загрижува е дека во БиХ, Црна Гора и Косово можете да видите организирано спротивставување од политичките претставници на Бошњаците, Црногорците, Албанците… како и од етничките Срби кои државите во кои живеат ги гледаат како членки на НАТО и ЕУ, вели претседателот на СДА Македонија.

Тоа што е специфично за Северна Македонија е дека политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда во нашата држава, додава Хоџиќ.

Во нашиот случај многу е гласен молкот на политичките партии ВМРО – ДПМНЕ и ЗНАМ. Тие не само што не се спротивставуваат, туку се и соучесници со нивното нереагирање. Овие две самонаречени патриотски партии, кои се гласни во наративот “Македонија повторно твоја”, кој е замена на парлота “Македонија на Македонците”, кога денешната територија на Северна Македонија се прогласува за српска земја во наративите на големосрпската политика, едноставно како да не смеат да кажат лош збор против режимот на Вучиќ и големосрпската пропаганда.

Според Хоџиќ, со тоа што Владата на Мицкоски го постави Иван Стоиљковиќ за вицепремиер, само ја потврди политичката ориентација на новата Влада, која ги стопира европските интеграции на нашата заедничка држава, ги заладува односите со Грција, ги влошува односите со Бугарија и Албанија, а Северна Македонија со голема брзина ја внесува во “српскиот свет”.

Овој инцидент, со министерката на Србија во Битола, на ден пред Денот на независноста, е само уште еден во серијата на инциденти на големосрпската пропаганда.

Јас ќе ве потсетам кога Додик во сред Скопје, во присуство на премиерот Мицковски и добар дел од неговата Влада, испрати анти-НАТО и анти-ЕУ пораки, со јасни тези на големосрпската пропаганда. ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ дозволуваат големосрпската пропаганда од сред Северна Македонија да ги навредува и нашите стратешки цели како држава, но и нашите стратешки пријатели веќе во јасен континуитет.

Прозападните политички сили во државата мора да се координираат и да дадат свој јасен политички одговор на ова прашање, дециден е Хоџиќ.

Д. Мишев / Цивил Медиа

Next Post
Скриншот

Протести во Непал: Демонстранти запалија згради, премиерот поднесе оставка

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk