ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ОЈО Штип поднесе обвинение против суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи

September 9, 2025 12:41
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип, по целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, поднесе обвинение против суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ од член 143, како и кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информираат од ОЈО, обвинетиот, во периодот од септември 2023 година до 24.10.2024 година, како службено лице – Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, во службените простории и при вршење на службата опфатена со чл.25 ст.1 од Законот за јавното обвинителство, во текот на работното време, се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени, со цел да им нанесе душевна болка преку понижувачко постапување.

-Користејќи ја неговата службена хиерархиска надреденост, во повеќе наврати грубо им се заканувал дека има моќ и може веднаш да ги избрка од работа, дека „ќе ги дигнел на клоци“, „ќе ги фрлел од 6-ти кат“, „ќе ги ставел во притвор и под посебни истражни мерки“. Дел ги навредувал дека „му го грделе обвинителството“ и им забранувал да комуницираат меѓу себе и со други вработени. Оштетените, неможејќи да ги поднесат заканите и психичкото насилство со понижувачко постапување од обвинетиот, се обратиле писмено до Јавното обвинителство на РСМ, до Советот на јавните обвинители на РСМ и до Основното јавно обвинителство Скопје, со барање за преземање на итни мерки во врска со постапувањето на обвинетиот и за нивна заштита, соопшти ОЈО.

Откако обвинетиот дознал за писмената на оштетените, се вели во соопштението, ги повикал насамо, секоја поединечно во неговата канцеларија, каде продолжил со психичкото насилство, принудувајќи ги да напишат писмени изјави дека биле изманипулирани. Притоа, им се заканувал дека ќе им поднесе тужби за клевета со барање за отштета од 100.000 евра, велејќи им дека тој може да влијае на сите судии и адвокати, дека имаат деца на кои треба да мислат и дека ќе ги изгубат работните места. Откако ќе одбиеле да потпишат таква изјава им поведувал дисциплински постапки и ги прераспоредувал на работни места во обвинителството.

-Кога две од оштетените веќе не можеле да го издржат континуираниот притисок и закани, чувствувајќи страв напишале изјави со содржина по негово барање, обвинетиот како службено лице – Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје презел службени дејствија со кои ги пречекорил границите на своите службени овластувања утврдени со Законот за јавното обвинителство и Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства, а со намера потешко да им ги повреди правата на оштетените. Без одобрение за нивно понатамошно поднесување до институцијата, тој ги заверил личните изјави доставени во неговата канцеларија со приемен печат на ВЈО Скопје, па на 16.10.2024 година, на сите им доставил писмени барања за јавно извинување и јавно повлекување во рок од 48 часа. Иако барањата биле лични и самиот ги поднесувал со цел да направи психички притисок врз оштетените, истите ги завел со Резолуција „А“ во Уписникот „А“ на ВЈО Скопје, спротивно на Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства. На 24.10.2024 година, обвинетиот одржал состанок со сите вработени од јавнообвинителската служба, каде што пред сите нив, продолжил со психичкиот притисок кон оштетените, на начин што ги изнесувал наводите од нивното барање, ги исмевал и ги понижувал пред останатите. Потоа, повторно користејќи ја неговата надреденост во службата, побарал од сите вработени кои не биле потписници на писменото барање за преземање на итни мерки, да напишат своерачни изјави во кои ќе го опишат „каков е тој како шеф“, се прецизира во соопштението.

Како резултат на ваквото деградирачко и понижувачко однесување, се додава, една од вработените се разболела и добила анксиозно растројство.

Со цел да ја заштити постапката и жртвите, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените.

Постапувајќи во текот на истражната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази и во однос на службеното постапување на наведениот Виш јавен обвинител и на уште еден јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, согласно кои против нив поднесе Обвинителен предлог со кој ги товари дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, во временскиот период од јануари 2023 година до август 2024 година, во Вишото јавно обвинителство Скопје, заедно со учество во дејствија на извршување на делото, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, со тоа што преземале службено дејствие со кое ги пречекориле границите на своите службени овластувања.

Спротивно на Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства, примените писмена кои по отворањето, му биле предавани од страна на овластениот јавнообвинителски службеник за прием, првообвинетиот ги задржувал и барал да не бидат заведени истиот ден или редоследно, туку да бидат заведени неколку дена подоцна и под различен датум од приемниот. Истовремено барал од службениците тие предмети директно „без многу галама“ да бидат доделувани на второобвинетиот.

Постапувајќи во наведените предмети, обвинетите не ја извршувале својата службена должност согласно чл.7 од Законот за јавното обвинителство, односно функцијата јавен обвинител ја вршеле незаконито, пристрасно и субјективно, со непочитување и без заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот и правата на другите правни субјекти, надвор од рамките на своите надлежности, а со намера да овозможат друг да се стекне со имотна корист, со што потешко ги повредиле правата на странките во неколку постапки.

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при ЈОРСМ вои јуни годинава донесе одлука дека Хајрулахи и уште еден јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје сториле тешки дисциплински повреди од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, односно намерно и неоправдано направиле крупни професионални грешки.

Хајрулахи по одлуката за негова суспензија, најави дека ќе поднесе жалба до Советот на јавни обвинители и изјави дека единствената причина за целата хајка против него е постапката за бонусите за ангажираните во поранешното Специјално јавно обвинителство.

Next Post

Германија и Франција бараат построги санкции против рускиот енергетски сектор

Shortcut

Најново

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk