ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

МЕРМС: Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди, рокот за аплицирање до 5 октомври

September 12, 2025 16:52
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Постои голем интерес за субвенции за набавка на инвертер клима-уреди што ги доделува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Заклучно со 12 септември годинава пристигнале вкупно 3.954 апликации во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Од нив, 2.375 апликации се поднесени од домаќинства со ниски приходи, а 1.579 од домаќинства во кои единствен приход е пензија.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира граѓаните дека се уште има можност да се аплицира, рокот е до 5 октомври 2025 година. Граѓаните кои припаѓаат на ранливите категории и кои ги исполнуваат условите, можат да поднесат апликации до овој датум.

Апликациите може да се поднесат преку архивата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини или онлајн преку официјалната веб-страница: www.energy.gov.mk.

Министерството ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да ја искористат можноста и да аплицираат до истекот на рокот.

Можат да аплицираат домаќинства со ниски приходи, чиј вкупен нето месечен доход во 2024 година не го надминувал: 25.000 денари за едночлено домаќинство, 31.000 денари за домаќинство со два члена, 37.000 денари за домаќинство со три члена, 43. 000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена. Можат да аплицираат и домаќинства во кои единствен приход е пензија, а вкупниот нето месечен доход во 2024 година не надминал 15.700 денари за едночлено домаќинство, 19.800 денари за домаќинство со два члена и 23.700 денари за домаќинство со три и повеќе члена. Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство.

Правото на инвертер клима уред не може да го остварат домаќинства кои во изминатите пет години користеле субвенција за набавка на клима уред или печка на пелети, како и оние кои имаат приклучок на систем за централно греење.

– За оваа мерка се издвоени 170 милиони денари. Средствата ќе бидат искористени за набавка и вградување на инвертер клима-уреди со моќност од 3,5 kW и енергетска класа А+, кои ќе се инсталираат директно во домовите на корисниците. Со оваа програма, Министерството ја потврдува својата посветеност на подобрување на енергетската ефикасност и намалување на енергетската сиромаштија во земјата, се наведува во соопштението. 

Tags: инвертер климасубвенции
Next Post

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk