ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Османи: Обвинувањата за коалиција со Левица се очајнички, ВРЕДИ веќе го подготвува оправдувањето за пораз

September 18, 2025 14:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Бујар Османи

Бујар Османи

Share on FacebookShare on Twitter

Бујар Османи остро реагираше на новиот бран лажни обвинувања дека ДУИ наводно има некаква коалиција со Левица, оценувајќи ги ваквите конструкции како очајнички обиди на ВЛЕН да го ублажи ударот од претстојниот изборен пораз, стои во соопштението на кандидатот на ДУИ за гадоначалник на Чаие, што МИА го пренесува интегрално.

„ВЛЕН започнуваат да ја подготвуваат одбраната за евентуален пораз. Тоа е нивната способност и тоа е нивната цел,“ изјави кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи. „Спротивно на овие клевети, тие сакаат да имаат капацитет потоа, по ноември, да им објаснат на нивните луѓе, на јавноста, зошто резултатот е таков каков што е. Нема друго да биде,“ рече Османи.

ДУИ и нејзините партнери настапуваат обединето преку Националната алијанса за интеграција, најголемото албанско политичко здружување во последните 20 години. Оваа коалиција, според Османи, ја претставува волјата на огромното мнозинство од Албанците во земјава:

„Ние имаме сојуз, Националната Алијанса за Интеграција, најголемото обединување во последните 20 години. Најголемите политички партии, кои само на изборите во последните години заедно собраа околу 80-90% од албанскиот гласовен корпус. И тоа не се случи случајно, тоа е направено затоа што луѓето сфатија дека претстојните избори на 19 октомври се референдум,“ рече Османи.

Во фокусот на овие избори, според Османи, не е само избор на личности туку судир меѓу два концепта – достоинството на Албанците наспроти нивната подреденост.

„19 октомври е вториот 13 август, каде што луѓето ќе одлучат помеѓу два концепта, не само помеѓу поединци: дали ќе продолжиме да бидеме господари на својот дом или ќе бидеме слуги, на кои им се диктираат политиките од други,“  рече тој.

Тој ги вели дека гласачите на  ВМРО-ДПМНЕ не би поддржале кандидати на ВЛЕН, велејќи дека тоа ја навредува политичката зрелост на граѓаните, особено на македонските гласачи.

„Жал ми е што се зборува на секоја маса од политичките опоненти: ‘нема да имате грижa, ние од ВМРО ќе бидеме поддршка’. Прво, тоа не е политика која ги чини достојни. Јас секој ден сум во комуникација со македонските граѓани, бидејќи одам од врата до врата. И тие бараат решенија токму за овие теми за кои зборував денес  нечистотијата, дивите градби и корупцијата. Тие велат дека нивната рака никогаш нема да гласа за луѓето кои ја уништија општината,“  рече Османи.

На крајот, Османи најави дека ДУИ ќе остане на патот на позитивна и програмска кампања:

„Ние ќе продолжиме повторно да кажуваме решенија, ќе продолжиме кампањата да ја водиме како натпревар на идеи, не како обвинувања и невистинити клевети. Граѓаните ќе одлучат и ќе проценат кој како работел и на кого му веруваат повеќе“.

Tags: Османи
Next Post
Фото: Фејсбук профил на Билјана Ивановска

(ВИДЕО) Ивановска: Причината за убиството на Росица има име и презиме – неодговорност и корупција

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk