ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Планот на Ацевски за сообраќајот во Ѓорче: Граѓаните бараат улици, не само згради

September 21, 2025 11:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на СДСМ, Костадин Ацевски, во ново видео го претстави својот план за изградба на нова сообраќајна артерија што ќе ги поврзе Волково, Кисела Јабука и Ново Село. Тој истакна дека ова е само еден од приоритетите со кои општината конечно ќе добие функционални решенија за метежот во сообраќајот.

Планираната траса ќе започне од „Даме Груев“, ќе продолжи по „Лепенечка“ до пречистителната станица во Ново Село, а од таму ќе се протега по течението на реката Лепенец сè до улицата „22“ во Волково. Со вакво решение, жителите ќе заштедат најмалку 10 минути при патување, а ќе се намали и притисокот врз „Волковска“ и „Лука Геров“ – единствените улици што моментално го носат целиот сообраќај во тој дел од Општината, порачува Ацевски.

„Ова е проект што ќе отвори нова перспектива за општината. Ѓорче Петров не смее да остане заробен во сообраќаен хаос. Трасата веќе постои, потребно е само соодветно сообраќајно решение, а со дополнитен план преку оваа траса овој дел од Ѓорче Петров ќе се поврзе и со општина Карпош“ нагласи Ацевски.

Тој вели дека во изминатите четири години, Ѓорче Петров беше сведок на неконтролирана изградба на нови згради. Урбанизацијата не беше следена со соодветна инфраструктура – особено со нови улици. Наместо планско развивање на општината, на теренот се создаваат тесни грла што секојдневно им одземаат време и трпение на граѓаните.

„Она што навистина ѝ недостига на нашата општина се нови улици. Кога се гради, мора да се мисли и на пристапот, на поврзаноста, на секојдневниот живот на граѓаните. Ѓорче Петров мора да расте со план, не со хаос,“ порача Ацевски.

Ацевски најави дека во неговиот мандат еден од главните приоритети ќе биде создавањето нови сообраќајни решенија што ќе значат побезбеден и побрз проток на сообраќајот низ општината.

„Мојата визија за Ѓорче Петров е јасна: општина во која секоја нова зграда има соодветна пристапна улица, во која децата патуваат безбедно, а возрасните не губат време во сообраќаен метеж. Тоа е можно – со план, со работа и со вистинска грижа за секој жител,“ изјави кандидатот.

Tags: Ѓорче ПетровКостадин Ацевски
Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Неготинец се обидувал да изнуди три илјади евра од градоначалникот, заработи притвор

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk