ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Почнува 13. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

September 21, 2025 12:04
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Тринаесеттиот Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ вечер ќе биде отворен во Даут-пашиниот амам во Скопје. Српскиот писател и поет Небојша Лапчевиќ, бугарската писателка Елена Алексиева, една од најпознатите словенечки писателки за млади читатели Јана Бауер и домашни претставнички – поетесата, романсиерка и преведувачка од романски и словенечки на македонски јазик Лидија Димковска и Хана Корнети, писателка на проза и долгогодишна уредничка на академски и комерцијални текстови, предводени од лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2025, најпреведуваниот словенечки писател и драматург Евалд Флисар се гости на фестивалот, што ќе трае до 23 септември.

На првата фестивалска вечер, Флисар ќе биде во друштво со Бауер, Алексиева, Лапчевиќ, Димковска и Корнети. Со нив ќе разговараат Александар Прокопиев и Владимир Јанковски.

На вториот фестивалски ден, на 22 септември во 11 часот во Европска куќа – Скопје ќе се одржи средба на новинари со учесниците на програмата „Скопје Fellowship“, по што ќе следи средба за вмрежување меѓу издавачите и традиционалната средба на членовите на програмата „Скопје фелоушип“ со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Вечерта од 18 часот во „Буква“ ќе се одржи промоција на книга од Јана Бауер во организација на „Артконект“. Втората фестивалска вечер завршува со традиционалната тркалезна маса во која учествуваат авторите-гости на фестивалот, од 20 часот во Европска куќа Скопје. Тркалезната маса годинава е на тема „Војни, вештачка интелигенција, литература“ и ја модерира Владимир Јанковски.

На 23 септември во Бугарскиот културно-информативен центар е закажана посебна средба на учесниците на „Скопје Fellowship“ и тркалезна маса на тема „Војни, вештачка интелигенција, литература“.

Наградата „Прозарт“, што фестивалот по 13. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, ќе му биде врачена на словенечкиот писател Евалд Флисар на затворањето на фестивалот на 23 септември од 20 часот во Даут-пашин амам. На завршната вечер, Флисар ќе се обрати пред присутните, а писателите ќе читаат извадоци од своите дела.

Во дополнителната програма на фестивалот на 26 септември, од 20 часот, во Аудиокултура – Скопје ќе се одржи промоција на книгата „30 современи грчки автори“. На промоцијата ќе бидат присутни и четворица грчки поети: Хрисанти Иакову, Ефтихија Кателанаки, Манос Мавромустакакис и Никос Влахакис, чии песни се застапени во оваа книга. Истиот настан ќе се одржи и во Атина, со цел книгата да го добие својот меѓународен публицитет и поддршка.

Во рамки на ПРО-ЗА Балкан, се одржува и 12. програма „Скопје фелоушип“, која годинава се реализира во соработка со КУД „Содобност“ од Словенија, а кофинансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. На програмата, годинава учествуваат 15 издавачи, меѓу кои претставник на италијанскиот гигант „Џунти едиторе“, поранешна директорка во „Рандом хаус“ и актуелна уредничка на британска издавачка куќа, еден од најугледните издавачи на книги за деца од Украина, шпанскиот издавач на Јосип Коцев, унгарскиот издавач на Румена Бужаровска, претставничка од ТРАДУКИ, директор на литературна агенција од ОАЕ, претставник на Интернационалната алијанса на независни издавачи и уште многу издавачи од Европа.

Организатор на интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура и туризам, „Традуки“, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасада на Грција, Амбасада на Словенија, СПОНА, Амбасада на Шпанија, Амбасада на Словачка, КУД „Содобност“, Умно.мк и Метрика Култура.

Tags: ПРО-ЗА Балкан
Next Post

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ понуди само ароганција и лаги, ние нудиме чесни и компетентни кандидати на изборите

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk