ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Иницијативата „Сите за Палестина“ со отворено писмо до Сиљановска: Македонија да го осуди геноцидот и да ја признае Палестина

September 22, 2025 15:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Кабинет на Претседател

Фото: Кабинет на Претседател

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на Генералната дебата на 80-то Генерално собрание на Обединетите нации, иницијативата „Сите за Палестина“ испрати писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со барање нејзините настапи и гласања да бидат „во согласност со вредностите и историјата на народот во Македонија“.

Темата на годинешната дебата е „Подобри заедно: Повеќе од 80 години за мир, развој и човекови права“. Сиљановска во видео-порака по повод 80-годишнината од основањето на ОН порача:
„Оваа 80 годишнина е повик за будење за да ја потврдиме нашата посветеност на Повелбата на ОН и нејзиниот меѓународен поредок заснован на правила. Од нас зависи дали ОН ќе се справат со предизвиците и ќе продолжат да градат иднина на мир, правда и напредок на здрава планета.“

Иницијативата реагира дека овие зборови не соодветствуваат со досегашното однесување на државата.
„Точно, од нас зависи! Но, како придонесувате Вие и останатите претставници на нашата држава кон градење мир, правда и напредок на здрава планета? Македонија гласа воздржано за клучни прашања поврзани со најголемото злосторство на денешницата – геноцидот и екоцидот кој Израел веќе две години, активно и секојдневно, го врши врз палестинското население во Газа,“ се наведува во писмото.

Од „Сите за Палестина“ додаваат дека „зборовите се празни доколку не се проследени со конкретни чекори“ и бараат Македонија да преземе јасна позиција.
„Како ги оправдувате своите постапки? Како народна иницијатива која веќе две години се залага за Македонија да покаже солидарност со палестинскиот народ, Ве потсетуваме дека во ОН гласате во името на граѓаните,“ истакнуваат тие.

Во писмото до претседателката, иницијативата наведува конкретни барања:

  • Македонија јавно и веднаш да го осуди геноцидот врз палестинскиот народ и да ја признае Палестина;

  • Итно да се побара прекин на огнот и влез на хуманитарна помош во Газа што не е дистрибуирана од Израел;

  • Македонија да гласа „за“ на сите понатамошни гласања во ОН во корист на палестинскиот народ;

  • Да се воведат санкции кон Израел, да престане признавањето на Израел и да се стопира трговската, културната, образовната и спортската соработка;

  • Да се врати надворешната политика „во рацете на народот во духот на солидарност, а не во духот на личен профит“.

На крај, иницијативата ја потсетува Сиљановска на историскиот контекст:
„Токму на ова Генерално собрание, во октомври 1963 година, Скопје го доби називот ‘градот на светската солидарност’. Каде е ‘градот на светската солидарност’ сега? Како претседателка на државата, оправдајте го овој назив! Тоа е вашата историска должност.“

Tags: Гордана Сиљановска ДавковаСите за Палестина
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk