ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

September 22, 2025 15:28
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европската делегација наведува дека Албанија може да ја постигне целта за затворање на преговорите за пристапување до крајот на 2027 година, пренесоа албанските медиуми.

Поранешниот британски дипломат Џон Стјуарт Данкан, кој денес го започна своето сведочење пред Специјалниот суд во Хаг, по претходниот сведок Џејмс Рубин, повтори  дека Хашим Тачи требало да се консултира со нив за договор, пишуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Панорама – Делегацијата на ЕУ во Тирана: Албанија може да ја постигне целта за затворање на преговорите за членство до крајот на 2027 година

Делегацијата на ЕУ во Тирана реагираше по положувањето заклетва на владата „Рама 4“, честитајќи им на премиерот Еди Рама и на министрите за преземањето на функцијата.

Европската делегација наведува дека Албанија може да ја постигне целта за затворање на преговорите за пристапување до крајот на 2027 година.

„Честитки до премиерот Еди Рама и до сите министри за преземањето на функцијата.

Со постојан напор за усвојување и спроведување на потребните реформи преку транспарентни и инклузивни процеси, Албанија може да ја постигне амбициозната цел за затворање на преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на 2027 година.

Со нетрпение очекуваме да соработуваме со сите засегнати страни во Албанија за да го постигнеме овој историски момент, во корист на албанските граѓани“, пишува канцеларијата на ЕУ во Албанија, пренесе Панорама.

КОСОВО

ИНА: И третиот сведок, поранешен британски дипломат, во Хаг рече дека Тачи не донесувал одлуки во ОВК

Тројца сведоци повикани од одбраната на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, еден од водачите на Ослободителната војска на Косово, се изјаснија за моќта на зонските команданти.

Поранешниот британски дипломат Џон Стјуарт Данкан, кој денес го започна своето сведочење пред Специјалниот суд во Хаг, исто така рече дека Хашим Тачи требало да се консултира со нив за договор.

Тој рече дека Агим Чеку му го потврдил ова за време на средбата со него во Тирана.

„Вистинската моќ во структурата на ОВК ја држеа регионалните команданти. Ова го потврди генералот Агим Чеку на почетокот на преговорите за договорот. Тој ни рече дека не може да го стори тоа без присуство на зонските команданти. Му верував! Беше убедлив по ова прашање. Првиот рече дека г-дин Тачи не е достапен и дека за да се направи такво нешто, г-дин Тачи мора да биде консултиран. На 14 јуни во Тирана, имав разговор со Чеку“, рече Данкан,.

„Во хиерархиската структура што функционираше на нехиерархиски начин, не можевме едноставно да одиме и да разговараме со г-дин Тачи, мораше да разговараме со оние кои навистина имаа надлежности, а тоа беа зонските команданти.“, пренесе ИНА.

ТВ 21: КБС отвори конкурс за 60 нови војници од немнозинските заедници

Косовските безбедносни сили (КБС) објавија нов конкурс за регрутирање на 60 активни војници од немнозинските заедници, давајќи им можност на младите мажи и жени да ѝ служат на својата татковина.

Оваа иницијатива е во рамките на континуираните напори за зајакнување на капацитетите на КБС и за обезбедување застапеност на сите заедници во безбедносните структури на земјата.

Сите заинтересирани кандидати се поканети да се запознаат со условите на конкурсот и постапката за аплицирање преку официјалната веб-страница на Министерството за одбрана, пренесе ТВ 21.

КОЛУМНА

Коха: Парадата на Вучиќ како закана за соседите, но и за неговите противници во Србија

„Србија на Александар Вучиќ, која речиси една година се бори со народен бунт против корупцијата и криминалот во владата, го избра 20 септември за да ја демонстрира воената моќ со милитаристичка парада во Белград. Парадата се одржа, како што беше кажано, за да го круниса денот на „српското единство, слободата и националното знаме“, кој се слави на 15 септември.

На два часа од Белград, во Вуковар, Хрватска, 20 септември се памети како ден кога во 1991 година започна вооружениот отпор на хрватските борци против српската агресија. Три месеци, србизираната југословенска армија, паравоените сили и други криминалци под команда на Белград брутално го напаѓаа Вуковар, предизвикувајќи илјадници цивилни жртви и речиси срамнувајќи го градот со барокна архитектура со земја. Вуковар беше погоден со до 7.000 гранати секој ден.

Со својата воена парада, Вучиќ испраќа две заканувачки пораки. Првата е насочена против неговите соседи.

Втората: против студентите и нивните бројни поддржувачи во Србија, кои протестираат од ноември минатата година против криминалот и корупцијата. Причина за протестите беше уривањето на дел од покривот на железничката станица во Нови Сад, каде што 16 невини луѓе ги загубија животите.

Како никогаш досега во текот на неговите години на владеење, Вучиќ се соочува со народен бунт што ги потресе темелите на власта. На 15 март оваа година, протестното движење во Србија успеа да собере околу 300.000 луѓе на улиците на Белград. Оттогаш, Вучиќ стана уште попараноичен за крајот на својот режим. Затоа, неговата цел е по секоја цена да ја минимизира масовноста на протестите. За таа цел, тој ја злоупотреби и армијата.“, пишува Авторот Ветон Сурои, во колумната „ Парадата на Вучиќ како закана за соседите, но и за неговите противници во Србија“, објавена во косовскиот дневен весник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post
Скриншот

(ВИДЕО) Новиот Porsche 911 Turbo S е хибрид, помоќен, побрз и поскап од кога било досега

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk