ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Калас: Признавањето на Палестина, нема да ја подобри хуманитарната состојба во Газа

September 23, 2025 12:05
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Подобрувањето на хуманитарната ситуација на Газа на што постојано работиме, не зависи од признавањето на Државата Палестина, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по средбата на шефовите на дипломатиите на Унијата со нивните колеги од  Бразил, Индија и Мексико, што се одржа синоќа во Њујорк.

– Сите европски земји го поддржуваат решението за две држави. Значи, за да имаме две рамноправни држави, преземени се чекори од некои земји членки во врска со признавањето, со цел да се испрати јасен сигнал дека европските земји ги поддржуваат и Палестинците во овој конфликт, рече Калас.

Според неа, министрите биле јасни во своите ставови дека решението за две држави е најдобрата шанса за траен мир на Блискиот Исток, бидејќи поддршката на овој модел значи дека всушност постојат и Израел и Палестина.

– Тоа значи безбеден и сигурен Израел и одржлива палестинска држава, додаде Калас.

Таа истакна дека актуелната ситуацијата во Газа претставува „катастрофален неуспех на човештвото“ и ја повика израелската Влада веднаш да ги отстрани сите хуманитарни ограничувања.

– Јасно е дека Хамас мора да го положи оружјето и да ги ослободи сите заложници, но и проширувањето на доселеничките населбите и анексијата на територии се некомпатибилни со мирот. Во Европската Унија се обидуваме да го насочиме фокусот кон помагање на луѓето на терен и вистинско подобрување на хуманитарната ситуација. Ние сме најголемиот донатор на хуманитарна помош и силен поддржувач на Палестинската самоуправа, рече Калас.

Високата претставничка на ЕУ додаде дека на состанокот станало збор и за војната во Украина, нагласувајќи дека со секој руски воздушен напад се намалуваат перспективите за мир.

– Русија покажува апсолутен презир кон секој обид за дипломатија. Постојаните нарушувања на воздушниот простор на Европската Унија од страна на Москва се неодговорни, опасни и ризични ситуации што можат да излезат од контрола, а ние треба да бидеме цврсти, рече Калас, додавајќи дека во тој правец е и новиот пакет санкции кон Русија, што Европската комисија го предложи во петокот.

На состанок станало збор и за односите на ЕУ со Бразил, Индија и Мексико и за заштита на меѓународниот поредок базиран на правила.

– Влијанието на војната на Русија се чувствува и надвор од Европа. Секој ден Русија ги крши основните принципи на Повелбата на ОН. Заедно со нашите колеги, денес разговаравме и за тоа дека мултилатералниот поредок е навистина нешто што сите треба да го браниме, а Повелбата на ОН е во неговата суштина, додаде Калас.

Tags: КаласПалестина
Next Post

СДСМ: Учениците немаат учебници, власта излажа - Јаневска да понесе одговорност

Shortcut

Најново

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

Анализа на ЦИВИЛ: Што навистина откри OpenAI и што предизвикува сензационализмот?

September 18, 2026
Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk