ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Францускиот претседател Макрон повика на „ефикасен мултилатерализам“ пред Генералното собрание на ОН

September 24, 2025 10:08
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот претседател Емануел Макрон во во обраќањето пред Генералното собрание на ОН повика на „ефикасен мултилатерализам“ и предупреди дека не смее да се дозволи да „надвладее себичноста на малкумина“.

– Живееме во парадоксален момент во кој повеќе од кога било ни е потребно да го обновиме духот на соработката кој преовладуваше пред 80 години, рече францускиот претседател, мислејќи на времето на создавањето на ОН. Во дебатата на Генералното собрание, Макрон предупреди на „ризикот да надвладее законот на посилниот и себичноста на малкумина“.

Францускиот претседател речиси 30 минути во Њујорк го бранеше „ефикасниот мултилатерализам“. Според него, „најжестоките критичари“ на ОН се исто така оние „кои сакаат да ги променат правилата на играта бидејќи сакаат да воспостават доминација и повеќе се заинтересирани за создавање поделби во светот отколку за наоѓање компромиси потребни за општото добро“.

Во својот говор Макрон исто така ги оправда своите дипломатски напори за поддршка на Украина и признавањето на палестинската држава, што го најави еден ден претходно од истата говорница.

– Токму затоа што ги одбиваме двојните стандарди, Франција ќе стои рамо до рамо со Украина, исто како што стоиме за мир на Блискиот Исток, рече Макрон.

Тој го поздрави тоа што Доналд Трамп го смени мислењето дека Украина може да си ја врати целата територија што Русија ја освои од почетокот на инвазијата. Трамп, кој вчера се сретна со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Обединетите нации, претходно изјавуваше дека и Киев и Москва ќе мора да се откажат од дел од територијата за да се заврши војната.

– Ме радува да видам дека американскиот претседател верува во способноста на Украина не само да опстане, туку и заедно со нас да ги оствари своите права, изјави Макрон од говорницата.

Тој повика и на проширување на Советот за безбедност на ОН, кој се состои од 15 членки, од кои пет се постојани со право на вето – Франција, САД, Велика Британија, Кина и Русија.

„Знам колку има фрустрации, поттикнати од нееднаквото претставување на државите, рече францускиот претседател, повикувајќи на реформа на Советот за безбедност, со посебна цел за подобра интеграција на африканскиот континент.

Макрон го заврши говорот со повик за дејствување.

– Наша должност е да станеме и да продолжиме да дејствуваме заедно, повторувајќи го зборот „дејствуваме“ неколку пати.

Tags: МакронОН
Next Post

ДИК ќе одржи жрепка за утврдување на единствена листа на кандидати за Локалните избори

Shortcut

Најново

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk