ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025 15:01
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија донесе одлука да одобри дополнителни 50 милиони евра помош како одговор на „катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа и за справување со растечките хуманитарни потреби на Западниот Брег“.

Со ова, како што соопшти Еврокомисијата, вкупната итна хуманитарна помош на ЕУ за Газа и Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, годинава достигна 220 милиони евра, а од 2023 година – над 550 милиони евра.

– Првпат во историјата е потврден глад во Појасот Газа, а масовното присилно раселување предизвикано од тековната воена офанзива во градот Газа ги прави семејствата очајни за храна, сместување, здравствена грижа и заштита. На окупираниот Западен Брег, континуираното присилно раселување, строгите ограничувања на движењето и насилството на доселениците доведуваат до акутни хуманитарни потреби за заштита, сместување и пристап до основни услуги, се вели во соопштението.

По повод одлуката на ЕК, еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и справување со кризи Хаџи Лабиб изјави дека тоа е дополнителен одговор на Европската Унија на гладот кој сега е реалност во Газа и на неподнослива хуманитарната ситуација.

– Но, самото финансирање не е доволно. Цивилите мора да бидат заштитени, мора да биде загарантиран пристапот до хуманитарна помош и сите страни мора да го почитуваат меѓународното хуманитарно право. ЕУ ќе продолжи да работи со своите партнери за да инсистира на исполнување на овие обврски и на политичко решение што ќе го прекине страдањето, порача Лабиб.

ЕК посочува дека интензивираните израелски напади, тековните копнени судири и наредбите за присилно раселување на цивилите резултирале со тоа над 1,9 милиони луѓе или над 90 отсто од жителите на Газа да бидат насилно раселени низ Појасот.

Дополнително, по месеци жесток конфликт над половина милион луѓе во Појасот Газа живеат во катастрофални услови, а уште 1,07 милиони или 54 проценти од вкупното население се соочуваат со вонредна или кризна ситуација. Комисијата потсетува дека на 22 август 2025 година во Газа и официјално е потврдено постоењето на глад.

– Хуманитарната ситуација продолжува значително да се влошува и на Западниот Брег, меѓу другото и поради брзото ширење на (еврејските доселенички) населби и нивната легализација, што го зголемува ризикот од де факто анексија, наведува ЕК.

Според Комисијата, поради израелските воени операции и најмалку 2.300 напади на еврејските доселеници врз палестинските заедници на Западниот Брег од 1 јануари 2024 година, своите домови ги напуштиле речиси 40.000 лица, пренесе МИА.

Tags: ГазаЕКхуманитарна помош
Next Post

Судски совет: Судиите се самостојни и независни во донесување на одлуките, секое коментирање однадвор се смета за упад во судството

EVN

НАЈНОВО

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk