ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Повторно во функција радарот на скопскиот аеродром, М-НАВ уверува дека безбедноста не била загрозена

September 25, 2025 14:36
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: ТАВ Аеродроми

Фото: ТАВ Аеродроми

Share on FacebookShare on Twitter

М-НАВ АД Скопје соопшти дека е ставен во функција радарот на скопскиот аеродром. Во текот на изминатите три дена, како што се наведува во соопштението, напорно се работеше на отстранување на дефектот кој се појави на дел од електрониката на радарската глава – Бањски рид. На 24 септември во 16:40 часот, стручниот тим на М-НАВ успешно го отстрани дефектот и ја врати радарската глава во функција, меѓутоа истата до денеска 25 септември до 12 часот подлежеше на неопходни тестирања по кои беше вклучена во системот за контролирање на воздушниот сообраќај на македонското небо, вклучително и Меѓународниот аеродром Скопје, информираат денеска од М-НАВ АД Скопје.

Од М-НАВ уште еднаш потврдуваат дека за временскиот период додека радарската глава Бањски рид била нефункционална, во ниту еден момент безбедноста на воздушниот сообраќај не била доведена во опасност.

Единствено бил намален протокот на Меѓународниот аеродором Скопје со цел да се испочитуваат меѓународните стандарди кои се применуваат во вакви услови на работа.

„Управниот одбор на М-НАВ АД Скопје ве уверува дека информациите кои беа споделени со јавноста од страна на некомпетентни лица, се комплетно неточни и беа искористени со цел да се претстави погрешна слика за работењето на Друштвото, за купување политички поени или нанесување на политичка штета во пресрет на изборната кампања. Ние како професионалци се оградуваме од ваквиот начин на информирање на јавност која пред се влева неоснован страв кај граѓаните, нанесува штета на државата  и дополнително негативно влијае врз довербата која ја имаат граѓаните кон институциите“, се вели во денешното соопштение од  М-НАВ АД Скопје.

Од М-НАВ се се заблагодаруваат на, како што велат, безрезервната поддршка шѓто ја добиле од Владата на Македонија, а особено вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски.

Tags: М-НАВРадарСкопски аеродром
Next Post
Фото: Скриншот

Вучиќ во ОН изјави дека Косово е „неразделен дел од Србија“ и дека се води „лажна кампања“ против Србија и Република Српска

Shortcut

Најново

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

(ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk