ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Меџити го најави капиталниот проект „Чаир без отпад на улиците“, со кој се очекува да се постават подземни контејнери

September 30, 2025 16:33
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВРЕДИ, Изет Меџити на денешната прес-конференција го најави капиталниот проект „Чаир без отпад на улиците“, со кој се очекува целосна замена на стандардните контејнери со подземни контејнери.

Меџити информира дека за овој капитален зафат обезбедиле буџет од 120 милиони денари со рок на имплементација од 36 месеци.

-Денеска сме собрани за да прогласиме крај на една ера на импровизации, да го озналиме почетокот на системското темелно и долгорочно решавање на еден од најголемите предизвици за нашата општина – комунална хигиена. Сликите на преполни контејнери, расфрлан отпад и неуредени јавни површини не смеат повеќе да бидат дел од секојдневието на Чаир. Овие слики не само што го нарушуваат угледот на нашата општина, туку директно влијаат врз квалитетот на животот и здравјето на секој од нас, на нашите деца и нашите најстари. За тоа денеска сме тука да не зборуваме само за проблемите. Проблемите сите ги знаеме и ги живееме. Денес сме тука да понудиме јасен, конкретен и остварлив план. Визија која ќе го трансформира Чаир во чиста, уредна и модерна општина каква што сите ја заслужуваме, рече тој.

Меџити информира дека првиот столб од проектот е модернизација и трајно решение на инсталации на подземни контејнери.

-На Чаир му е потребен револуција со управување со отпадот. За тоа го најавуваме нашиот капитален проект „Чаир без отпад на улиците“. Овој проект предвидува целосна замена на постоечките честопати нефункционални контејнери со најсовремен систем на подземни контејнери низ целата територија на Општина Чаир. Се обврзуваме на целосна замена на постоечките садови за отпад со современ систем на подземни контејнери. Естетски убава и чиста средина. Подземните контејнери го елиминираат визуелното загадување и го ослободуваат јавниот простор како тротоарите и паркинг местата. Крај на непријатните миризби. Системот е херметички затворен со што трајно се спречува ширењето на непријатни миризби, особено во летните месеци. Зголемени капацитети и ефикасност – еден подземен контејнер заменува пет до шест стандардни контејнери, што значи поретко и поефикасни операции за празнење. Спречување на расфрлање на отпадот. Се оневозможува пристапот на животните и на овластените лица до отпадот, со што се става крај на грдите слики околу контејнерите, нагласи тој.

Меџити потенцира дека овој проект ќе почне со реализација веднаш во фази почнувајќи од најкритичните точки во општината.

-Во моментов има пет точки каде што функционираат подземни контејнери. Деновиве треба да отпочне шестатa на улицата „Методија Митевски“ во Топанско Поле. Исто така, заедно со ова ќе одат и два столба. Вториот столб е стратешко партнерство со Град Скопје и Комунална хигиена. И третиот столб е Чаир – наш заеднички дом, подигање на јавната свест каде што ќе работиме со граѓаните, со невладиниот сектор и сите засегнати. Ова е нашиот план, кој не е список на желби, туку сериозна и обмислена стратегија со јасни чекори и рокови и одговорности. Време е Чаир да го добие ликот што го заслужува – лик на модерна, чиста и европска општина, рече тој.

Меџити упати порака дека ќе работат на стратешките проблеми и проекти што ги засегаат граѓаните.

-Пораката е дека ќе работиме токму на тоа што граѓаните ги засега. Прво, на паркинзите и ќе обезбедиме три илјади нови паркинг места. Во претходниот мандат се обезбедени нови 1.000 паркинг места и со нови три илјади паркинг места, се решава еден од главните проблеми во Чаир како урбана  и најгуста населена општина. Ова е мандат во кој што ќе решиме стратешки проблеми и проекти за Чаир, рече тој.

Воедно, Меџити упати порака за албанската опозиција дека ќе изгубат на локалните избори штом водат арогантна кампања.

-Населението и Албанците не ја сакаат ароганцијата. Впрочем, ние сме на избори. Бараме гласови за да им служиме на граѓаните, а не да ги навредуваме. И ако погледнеме низ историјата, сите оние што биле арогантни во кампањата, изгубиле. И овие ќе бидат губитници, истакна Меџити.

Tags: МеџитиЧаир
Next Post

Крушево во престижната група на Топ 100 зелени дестинации во светот

НАЈНОВО

Скриншот

Синер по трофејот во Торино: За мене, нема подобар начин да се заврши сезоната

November 17, 2025
Скриншот

Макрон: Се надевам дека мирот во Украина ќе биде постигнат пред 2027

November 17, 2025
ВИ

Советот на ЕУ го заостри Механизмот за суспензија на безвизниот режим: Полесно и побрзо укинување на визи за трети земји

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk